На 17.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода 24 годишник од Битола, бидејќи при претрес во неговиот дом во Битола, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од марихуана и повеќе банкноти во различни валути и апоени.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.






