Денес, вторник, 18 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 4 степени.
Утре, среда, 19 јануар, во Битола времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 4 степени.






