Press "Enter" to skip to content

Емилија Баткоска нов студентски правобранител на УКЛО – Битола

Заштита и подобрување на студентските права и на образовниот процес во целина, се дел од приоритетите на кои ќе се посвети новиот Студентски правобранител на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, Емилија Баткоска.

Емилија Баткоска е редовен студент на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Нејзинот избор е потврден со Одлука на 197 Седница на Универзитетскиот сенат, на предлог на  Универзитетското студентско собрание.

На изборот за Студентски правобранител на УКЛО му претходеше постапка којашто е реализирана во согласност со Законот за високото образование и Стаутот на УКЛО.

Студентскиот правобранител има мандат од две години. Според ЗВО, Студентскиот правобранител постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредно право на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот.

Органите на високообразовната установа се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител.

Студентскиот правобранител на УКЛО ќе работи во просториите на КРЕДО Центарот.

More from ВестиMore posts in Вести »