Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ќе формира комисија за туризам со надворешни претставници кои ќе се бираат на јавен повик (линк)

Советот на општина Битола, објави јавен повик за предлагање кандидати за членови на повремена комисија за туризам, кој веќе е потпишан од претседателот на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевски, и е објавен на официјалната страна на Општина Битола.

Комисијата за туризам ќе ја сочинуваат 9 членови, 5 од членовите на Советот на Општина Битола, 1 член од општинската администрација и 3 членови кои ќе се бираат на Јавен повик.

На јавниот повик, како е наведено, можат да се јават и да предложат регистрирани здруженија на туристички агенции, регистрирани здруженија за угостителство и од асоцијацијата на архитекти, а сите треба да се жители на Битола.

Повеќе детали за условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите, можете да прочитате на следниот линк: 

https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2022/01/Јавен-повик-за-предлагање-на-кандидати-за-членови-во-повремена-комисија.pdf

 

More from ВестиMore posts in Вести »