Во холот на НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола, поставена е изложба на дела, посветена на починатиот писател. Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист.
Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии, а во библиотеката во Битола се наоѓаат сите негови дела, кои битолчани можат да ги позајмат и прочитаат.