-Пред 10 години, во 2012 година, во седум мариовски села кои подолго време поради снежните врнежи буквално останаа отсечени од светот, храна, други прехранбени артикли и лекови им беа доставувани со хеликоптери, ова беше главна вест во сите медиуми во Македонија, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Властите се одллучија за овој потег откако се виде дека градежната механизација, на “Македонија пат“, “Македонски шуми“ и РЕК “Битола“ и покрај максималното ангажирање не ќе можат да ги исчистат патиштата за Мариово и да ги направат проодни, Центарот за управување со кризи и АРМ, ангажираа хеликоптер за да им достават храна на жителите од селата Будимирци, Градешница, Старавина, Зовиќ, Груништа, Ивени и Скочивир.
На жителите од овие села, кои по последните големи снежни врнежи се буквално отсечени од светот им беше доставена храна во леб, брашно, шеќер, масло. Дел од помошта беше од стоковите резерви, а дел беше донација на локалната самоуправа на Новаци. Станува збор за 200 жители на кои да им се помогна, на начин кој единствено беше воможен.

Деновиве пред 10 години: со хеликоптер беше носена храна во завеаните села во Мариово (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










