“Fly me to the Moon“ беше насловот на концертот што синоќа се одржа во големата сала на Центарот за култура. Вокалистката Јасна Димитровска заедно со битолскиот дувачки оркестар со гостинот Нико Ѓоргиевски пред публиката исполнија седумнаесет композиции на големиот Френк Синатра.
-Еден Оскар, 13 Греми награди, 58 снимени филмови и преку 250 милиони продадени плочи се нешто што можеше во само еден живот да го доживее Френк Синатра. Од неговата смрт поминаа 24 години, но неговата музика инспирирана од љубов, стана безвременска. Секоја година правам годишен концерт во зимските месеци и секогаш имало по некоја негова песна на мојот репертоар, но овој пат одлучив да направам целовечерен концерт со неговите љубовни рефрени, истакна Јасна Димитровска.
Пред неколку години, во Битола се возобнови Битолскиот дувачки оркестар кој на репертоар има од класици до современи композитори. Со него раководи Марјан Бакревски.
-Секој наш концерт е различен и во тоа е убавината да се живее музиката на сцената. На овој проект со Јасна работевме два месеци и резултатот синоќа беше евидентен, го прикажавме музичкиот живот на Синатра, на негов начин со лет до месечината, истакна Бакревски.

Битолчани ги слушаа хитовите на Синатра во “Fly me to the Moon“ концертот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија
- Розов Октомври: Зад секоја дијагноза има приказна
- Потврдено пријателството старо 50 години помеѓу Битола и Херцег Нови
- СВР Битола: повреден работник на ЕВН, приведен возач на мопед – возел без возачка, пронајдена стара граната
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)










