-Моштите на Свети Трифун пред десетина векови се купени од богато семејство од Котор од венецијански трговци и сега се наоѓаат во истоимената црка во овој црногорски град, а наша желба е на некој начин да успееме да донесеме дел од моштите на Свети Трифун во Битола, сега наместо во параклис, во црква која веќе ја градиме.
Рано утрово, на денот на Светецот Свети Трифун, во моментот кога сончевите зраци се пробија низ шумата над населбата Стрчин, каде се викендичките и лозјата, архитектот Зоран Алтипармаковски заедно со Илче, Драган, Крсте, Јован, Коста… го одредија правецот кон сонцето каде ќе “гледа“ олтарот на малата црква “Св. Трифун“ и го започнаа колчењето на темелите на истата. Црквата ќе биде посветена на Свети Трифун, а ќе биде изградена кај Стрчинското Виногорје, како битолчани го викаа ова место, каде можеби еден век се наоѓаат лозјата.
Архитектот Зоран Алтимарковски кој го изработи планот за малата црвка, за денешните активности, покажувајќи го планот за изградба на црквата, ни рече:
-По изработката на планот за црквата, денес ги започнавме и официјално активностите околу изградбата на црквата. Црквата ќе се гради по иницијатива на мештаните, а денес на денот на Светецот Свети Трифун, на кому му е посветена, ги исколчуваме темелите. Црквата ќе биде мала, со димензии 2 метри ширина и 3 метри должина и ќе биде висока 3 метри. Црквата ќе биде “свртена“ кон местото каде на денешен ден изгреа сонцето, во чест на Свети Трифун, а ова е прва црква за овој светец во Битола.
Иницијативата беше на групата која се нарекуваа “Весели лозари“, кои секоја година заедно ги зарежуваат стрчинските лозја, и за кои имавме пишувано и порано, а сега имаат и Црковен одбор со кој “раководи“ Јован Јовановски, кој ќе се грижи за изградба на црквата.
-Има четири години откако започнавме со изградбата на оваа црква. Прва активност беше поставување на кандилница, која ја покривме, а потоа тука направивме “конаци“, да речам така. Сега со Господ напред ќе продолжиме и се надевам дека за брзо ќе ја “покриеме“. Ова ќе биде едиствена црква на Свети Трифун не само во Битола туки и во битолска околија, вели Јован, кој битолчани го знаат и како шофетот од брза помош.
Домаќини на денешните активности беа сите, како ни рекоа, но сепак Илчо Белџигеровски, беше најзафатен со сите пречекот на гостите и подготовката на храната.
-Сите сме домаќини денес. Кога ова не беше почнато да се гради, како и Вие што бевте сведоци се беревме на овој ден кај мене во куќата, а сега сме тука сите заедно во објекто кој сите го изградивеме и ќе продолжиме да го градиме. Сите подаривме храна и вино, а сите намерници кои денес ќе дојтат тука ќе бидат послужени со храна и вино во чест ја Светецот, за кој и ја започнуваме да ја градиме оваа црква, вели Илчо.
Иако денечниот ден беше посветен прво за започнување на изградбата на црквата, не беше забораван и православниот адет, зарежување на лозјата. Сите кои беа тука на момент отидоа до своите лозја да го направат адетот, а највозрасниот Ристо Кочов, пензионер, како вели од “Транскоп“, кој има лозје наспроти местото каде ќе се гради црквата, ги покани сите, да го направат зарежувањето.
-Јас сум тука од 1965 година и тука има лозје цело време и тука сум зиме и лете, и по сонце и по снег и по дожд. Адетот за зарежување на лозјето нема година да не го направам. Сум го зарежувал лозјето по секакво време. Сега веќе од утре започнувам да го работам лозјето. Прво ќе ги вадам конците, а потоа продолжувам со режење. Оние прачки кои се за фрлање ги фрлам, а оние кои се за род ги оставам, покасно ќе ги режам, како што го правам ова веќе близу 60 години, вели Ристо.
-Моштите на Свети Трифун пред десетина векови се купени од богато семејство од Котор, град на Јадранското Море, од венецијански трговци и сега се наоѓаат во истоимената црка во овој црногорски град. Наша желба е на некој начин да успееме да донесеме дел од моштите на Свети Трифун во Битола, сега наместо во параклис, во црква која веќе ја градиме. Мило ми е што дел од битолчани го знаат местото посветено на светецот Трифун. Пред две години тука го поставивме и големиот метален крст посветен на Исус Христос, а на него пишува ИС-ХС-НИ-КА. Инаку мора да споменеме тоа дека празнување на Свети Трифув е продолжение на славењето на богот Дионис кој што бил Бог на лозјата и виното, вели Драган Ристевски.
Текст и фото: Сашо Ристевски











