Пред 10 години детскиот хор “Ѕвончиња“ од Битола под водство на Марина Коруновска, работеше на многу проекти, а токму во ова време во 2012 година го одржаа хуманитарниот концерт, насловен “Пееме до ѕвездите“, во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Како, имам запишано во моите новинарски белешки идејата за хуманитарниот концерт била на децата од “Звончиња“, секако поддржани од нивните родители со цел да се паметат песните на Тоше, а собраните средства да бидат донирани во хуманитарни цели, вели Миновски.
-Сакаме да ја продолжиме мисијата на Тоше Проески, да бидеме хумани и да подаруваме. Знаејќи во каква состојба е битолската Зоолошка градина, и имајќи го предвид фактот дека таа во наредниот период ќе се реновира, одлучивме средствата да ги донираме за изградба на живеалиште на нилско коњче, кое наскоро треба да биде донесено во Битола, ќе изјави тогаш изјави Коруновска.
На хуманитарниот концерт “Пееме до ѕвездите“, освен детскиот хор “Ѕвончиња“ во Центарот за култура настапија и вокалната група “Мелодиум“ и групата “Калабалак“.
[ngg src=”galleries” ids=”913″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]











