Во мојата спортска кариера сум имал прилика да присуствувам на гостувања во Битола на голем број на спортски легенди од различни спортови, благодарение на мојот професионален ангажман како спортски нивинар. Сум имал прилика да бидам со многу ракометни, фудбалски, кошаркарски легенди, но и со спортски легедни од боречките вештини, започна со раскажување на своите спортски сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Но, продолжи Миновски, благодарение на битолскиот мајстор и носител на црн појас 7 дан, Ѓуро Илиќ, во Битола беше гостин основачот и легендата на реалниот аикидо Љубомир Врачаревич, од Белград, Србија.
Врачаревиќ најпрво преку Илиќ, а потоа и преку други мајстрори од Македонија го пренесе овој релативни нов спорт прво во Битола, а потоа во други градови, каде се формираа клубови и привлекоа многу спортисти, прво со одржување на семинари, а потоа и полагања за појаси.
По неговата прерана смрт не прекина соработката на Илиќ со неговиот матичен клуб во Белград, а тоа се продолжи и со неговата ќерка Ана која е наследник на татко и. Ана на неколкупати била во Битола по разни поводи, а исто така македонски мајстрори одржале предавања во Белград. 

Деновиве пред 10 години: легендата на реалниот аикидо Љубомир Врачаревич во Битола
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 23 степени
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија










