Пролетта со сета своја убавина топло пријатно време, мирис на раззеленети, расцветани пупки на дрвјата во воздухот се почуствува конечно денес насекаде низ Битола. После ладните денови кои не потсетуваа на пролет денешниот ден сончев и топол совршен за прошетки и кафе шема на Широк Сокак во Битола, во како некој велат најградската улица.Со убавото време Широк Сокак во Битола раздвижен во пролетна атмосфера. Секој уживаше на свој начин во убавото време и позитивните вибрации.“ Спуштајќи се по Широк Сокак направивме галерија фотографии за да ја доловиме оваа пролетна атмосфера.На плоштадот Магнолија“ во кафулињата “Буре бар“ и “Кафе кафе“ на сонце се уживаше со кафе и звуци на жива свирка на познатиот “Икс Бенд“. Дневните свирки во сабота привлечни за битолчани кои знаат да се забавуваат, а на терассата на “Епинал“ ди-цеј Иле Коса ги забавуваше битолчани.Низ корзото родители со деца, вљубени, тинејџери, луѓе со миленичиња, оние кои го користат денот за саботно пазарување…Во кафулињата “Симбол“, “Портал“, “Пајтон“, “Аеро“, “Добри Вибрации“, “Тач“… се до Јагода, вообичаена саботна кафе шема, продолжена кон Шеталиште и Тумбекафе.Широк Сокак повторно со најубаво корзо со кое најчесто се гордееме како битолчани, а ни завидуваат останатите градови.
Фото: Дамјана