Press "Enter" to skip to content

“Чоканче“ со нов музички запис “Игра рок енд рол цела Македонија“ или во ова лудило, според текстот “Цела Македонија – избегана од ѓонија“ (видео)

После подолго време познатата рок група од Битола “Чоканче“ се враќа во етерот со нов аудио запис “Игра рок енд рол цела Македонија“ или според текстот во ова лудило “Цела Македонија – избегана од Ѓонија“ 

Песната е од пред 7 години, ама е финализирана минатиот месец. Се работи за еден искрен , обичен опис на секојдневието во Македонија…

Песната е снимена во студиото на Владко Симоновски во Битола, а како снимател и продукција се потпишува Владко Симоновски. Фото – видео Иван Михајловиќ.

Во тимот на “Чоканче“ тапаните ги сними Или Лулевски, гитара Зоран Илиевски – Скроч, бас гитара Крсте Симоновски – Крчо, гитара Игор Беговски – Ќебап, а како и секогаш вокал е Бранко Шпољариќ – Паљач, текстот кој го пее е:

ИГРА РОК енд РОЛ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА 

Знам дека си нервозен и не можиш да спијаш пушиш, дуваш и само се дрогираш

сакаш да се испрајш а не можиш да станиш не сакаш да признајш и зато само лажиш !

Место убав живот гледаш само беља пропаѓа со тебе Генерација цела.

На телевизија само лажни слики за Холивуд , Дизниленд , Мини и Мики.

Знам дека мислиш дека не е така Јас само сакам да ти подадам рака…

Игра Рок енд Рол цела Македонија, денес се е н`опаку избегано од Ѓонија !

Мајмуни го водат твојот живот сега зато никој нејки да остани – сака да бега !

Азил или Виза за друга Планета овде никој не те треба , овде никој не те чека ! 

Политичка мизерија на сите страни Знамиња се веат и бијат Камбани

ке нема веќе Вода , ке нема веќе храна, а луѓето ќе садат само…Марихуана.

Знам дека мислиш дека не е така, а јас само сакам да ти подадам рака…

Игра Рок енд Рол цела Македонија денес се е н`опаку избегано од Ѓонија !

Историја и приказни за голема Нација, Споменици и Титули – чиста Манипулација !

И ништо нема да се смени и ти нема да се смениш ке останиш Пијаница и нема да се жениш.

Знам дека мислиш дека не е така а јас само сакам да ти подадам рака…

Игра Рок енд Рол цела Македонија денес се е н`опаку избегано од Ѓонија !

Цела Македонија – избегана од Ѓонија !

More from ВестиMore posts in Вести »