Press "Enter" to skip to content

“Романтичен триптих“ – концерт на Марко Поп Ристов и Маја Божиновска (фото)

Синоќа во Офицерски дом во Битола се одржа концерт насловен “Романтичен триптих“ со Марко Поп Ристов на виолина и Маја Божиновска на пијано.На концертот кој привлече голем број на љубители на класичната музика, на програмата имаше дела од Роберт Шуман, Клара Шуман, Јоханес Брамс.Пијанистката Маја Божиновска е уметник која својата кариера ја гради со висок професионализам преку настапи на домашни и странски музички подиуми. Како уметнички соработник во камерни состави и како член на Симфонискиот и Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност во Скопје и на Камерниот оркестар на Битола, учествува на Шопенова вечер, Есенски музички свечености, Златна лира, Битфест, Денови на македонска музика, Скопско лето каде остварува и соло настапи. Својот изведувачки израз го покажува и преку остварување на високи резултати на државни и меѓународни натпревари.  Уметничкиот израз го надградува на мастеркласи со светски познати пијаинисти. Од 2015 год. работи како професор во Државното музичко училиште во Битола, каде со своите ученици остварува значајни резултати. Беше добитник на специјално признание на Интернационалниот натпревар „Златни таленти по пијано“.Марко Поп Ристов дипломирал на Ројал Колеџ оф мјузик (Лондон) во 2009 година. Се здобил со титулата магистар по камерна музика на музичкото и драмско училиште Гилдхол во Лондон, а во истиот период го имал и своето деби во Барбикан во 2012 година. Има добиено повеќе први награди на различни интернационални натпревари. Свири како солист со Кенсингтон симфонијата (Британија), Orchestra dei Ragazzi (Италија), Битолскиот камерен оркестар и оекстарот на Македонската филхармонија. Од неговото одење во Нов Зеланд во 2013 година, Марко е редовен изведувач во Филхармонискиот и Камерниот оркестар на Окланд, а воедно е и водач на втори виолини во оркестарот „Бах музика“. Во 2019 Марко го оформи клавирското трио Orion Piano Trio со кого во истата година остварија турнеја низ Европа со 7 концерти. Во 2021 Марко  доби целосна стипендија за докторски студии на универзитет Waikato University во Нов Зеланд.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »