По повод Градско-селски Велигден кој во Гени Мале во Битола има вековна традиција вчера во месноста “Кај Кајнако“ се одржа меморијалниот фудбалски турнир “Јоше Џентиле“ кој г организира фудбалскиот клуб Јени Мале, пред него се одржа црковна служба во црквичето “Пророк Свети Илија“, а потоа и забава за која се погрижи Никола Симоновски – Јошката.
Меморијалниот турнир “Јоше Џентиле“ се одигра како ревијален натпревар помеѓу актовни фудбалери на Јени Мале и ветераните од оваа битолска населба. Натпреварот заврши нерешено 1:1, а по изведување на пенали посреќни беа активните фудбалери.
Никола Пискачев од ФК Јени Мале за овој традиционален турнир, кој се одржа на На малиот фудбалски стадион “Кајнак“ ни рече:
-Ова е четврт по ред турнир во чест на нашиот голем поддржувач Јоше Симоновски – Центиле кој доаѓаше со нас на сите терени каде настапувавме во општинските лиги, а беше и еден од оние кои не подржуваа во сите одлуки. За жал ова требаше да биде 6. по ред турнир, но поради ковидот две години не го одржувавме. И годинава не се огранизиравме најдбобро, бидејќи не знаевме какви ќе бидат условите поради протоколите, но се надеваме дека доо година кога ќе биде 5. по ред ќе бидеме поорганизирани и со нови содржини.
Фудбалерите и сите жители на овој дел од Битола на ваков начин му оддаваат почит на нивниот комшија и поддржувач, а оваа година беше присутни и синовите на Јоше Џентиле Николче и Благојче.
Николче -Јошката беше организатор на забавата и коктелот по завршувањето на натпеварот, а пред да им запее на своите комшии рече:
-Сакам прво да им се заблагодарам на градителите, во мое име и во име на сите од овој дел на Битола, Ице и семејството кои ја изградија оваа црква, а потоа и на Никола-Пискач и Благојче – Дугал кои го започнаа да го организираат турнирот “Јоше Џентиле“ кој заедно со сите фудбалери го одржуваа споменот за татко ми Јоше, кој како и самите рекоа беше голем вљубеник во фудбалот. Тука му се заблагодарувам на поддршката на Митко и Тони, како и порталот “Битолањуз“ кој е со нас цело време. Во чест на Јоше, а Гени мале и во чест на Градско-селско Велигден ќе одржам еден мал концерт за моите комшии, пријатели, а на лето се надевам на ова место ќе имам голем голем концерт за сите битолчани.

Меморијален турнир “Јоше Џентиле“, црковна служба и забава во Гени Мале, “Кај Кајнако“ во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










