Press "Enter" to skip to content

Старата ветеринарна станица во Земјоделско ќе биде прифатилиште за бездомни животни (фото)

Општина Битола, продолжува со заложбите за решавање на проблемот со бездомните животни. Откако неодамна беше завршена изработката на проектот од страна на донаторот, согласно предвидената динамика во општинските програми, локалната самоуправа, пристапи кон подготвителните активности за следната фаза во која треба да биде изградено прифатилиштето.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска и претставници на општинскиот Совет, денес го посетија средното општинско училиште „Кузман Шапкарев“, каде ќе биде лоциран објектот. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека, локалната самоуправа на овој начин, продолжува со работа на проектот, до неговата финална реализација, со цел заштита на граѓаните, хуман третман на животните, но и заштита од финансиските реперкусии врз буџетот, кои во изминатиот период по основ на тужби од граѓани каснати од куче, изнесувале 4.000.000 денари.

-На стартот сме, на реализацијата на еден многу значаен проект, за граѓаните на Битола, за сите нас. Она што во предизборието беше заложба на сите нас и на граѓаните, беше да направиме едно прифатилиште за бездомни животни. Сакам да се заблагодарам на господинот Брајан Фолкнер, меѓународен експерт, кој на Балканот е долго време. Сакам да се заблагодарам и на директорот на земјоделското училиште, кој ни го отстапи овој простор со адекватна намена, некогашна ветеринарна станица од пред 100 години, простор кој ќе го оплемениме, на кој ќе изградиме современо прифатилиште за бездомни животни. Мислам дека ќе најдеме еден заеднички пристап кон овој проект. Ја имаме проектната документација, македонски и балкански искуства во изработката на проектот, ја имаме зградата во која ќе биде сместено ова прифатилиште. Реализацијата на овој проект ќе биде фазна, ќе чини, но еднаш засекогаш ќе го реши проблемот“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, нагласи дека, токму како резултат на добрата соработка помеѓу сите релевантни субјекти, за краток период е изработен проект, со кој, конечно може да се пристапи и кон реализација на проектот на терен:

-Сакам да се заблагодарам на сите оние кои придонесоа, овој проект да има почетна фаза, прво новата локална самоуправа, која ги овозможи работите, кои што се во надлежност на општинската администрација, потоа директорот на земјоделското училиште, кој што е еден од најголемите партнери во реализацијата на овој проект, донаторот на проектот, како и искуството и помошта од експертот кој денес ни е гостин. Морам да кажам дека, ова е проект кој почнува да се реализира, затоа што е глас на граѓаните. Сите ние, знаеме дека е проблем во Битола, сакаме и мораме да најдеме начин истиот да биде решен. Се надевам дека ова ќе биде пример како може да постои соработка, меѓу локална самоуправа, невладин сектор, администрација и политичари, а притоа и директна соработка со учениците, што е особено значајно за поддршка на едукативната компонента кај младите луѓе и одржливост на проектот, изјави претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска.На денешниот работен состанок со директорот на Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, Благојче Кривевски, присуствуваше и британскиот експерт Брајан Фолкнер, претставник на RSTCA – Кралското здружение за спречување на суровост врз животните.

-Многу се радувам за Вас и за мене, од неколку причини: како прво, пренаменувате стара зграда за која не само само што не се направило ништо туку и се распаднала. Тоа што не се направило ништо за мене е трагично, но се работи за еден убав стар објект кој ќе биде искористен за проект кој ќе биде нешто добро за заедницата и каде студентите ќе може да доаѓаат тука, да учат и да стекнуваат искуство. Децата од училиштата ќе може да доаѓаат тука од едукативни причини. Во ред, тоа ќе чини доста пари за да се направи , но јас искрено се надевам дека ќе добиеме финансирање за всушност да го започнеме и да го ставиме во функција овој проект кој порано или подоцна ќе биде добар позитивен чекор за заедницата воопшто. Всушност, мислам дека општина Битола има предвид како вистински да го развие ова. Вчера имав прилика да седам со инженерите  и да ги разгледам нацртите. Сè што вклучиле во тие нацрт планови се нешта кои јас секако би ги препорачал во врска со доработката на подот, големина на анкери во истиот, дури и наклонот на подот каде треба да има одреден наклон. Кој и да бил инженерот, го запознав, очигледно добро си ја завршил задачата и вложил напор да ги реализира нацртите и истите се доста издржливи и изводливи и јас дефинитивно ги препорачувам, изјави Брајан Фолкнер, претставник на RSTCA – Кралското здружение за спречување на суровост врз животните.

More from ВестиMore posts in Вести »