Во библиотеката “Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа предавање на тема “Раното откривање спасува животи“. Предавањето го одржа Александар Димовски, лекар, специјалист по радиодијагностика вработен во Клиничката болница во Битола, го организираа организираа Библиотеката, “Сумнал“ и Ротари клуб “Широк Сокак Битола“.
Доктор Димовски зборуваше за ракот на дојката, неговите причинители, симптоми, но најважно за превентивните мерки и скринингот, како што е мамографијата. Тој силно укажа на важноста од рано откривање на ракот на дојката за неговото лекување и поголеми шанси за преживување.
Предавањето е дел од „Неделата на женското здравје”.

Предавање на тема “Раното откривање спасува животи“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- Прва победа во новата сезона на Пелистер Волеј, на промоцијата во Битола победен Фат Фан (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер како на тренинг, го победи Младост во Битола (фотогалерија)
- Пелистер победи на гостувањето во Новаци
- Утре КК Пелистер повторно е домаќин во Битола, утре го пречекува Скопје 2023





