Вечерва во Пациото на Завод и Музеј од Битола, во организација на Форумот на жени на СДСМ од Битола се одржа трибина по повод Светскиот ден на фамилиите кога се одбележува важноста на семејствата како основна клетка на секое општество.Форумот на жени СДСМ Битола, оваа трибина ја организира во соработка со здружението на еднородителски семејства “Дел од сите“, а под мотото “Семејството не е бројка, семејството е љубов“.-Голема чест и привилегија беше да сме домаќини на почитуваната Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и воедно претседателка на Форум на жени СДСМ. Исклучителна можност да се начнат многу теми, да се споделат искуства, да се дадат сугестии и предлози и најважно од се, одличен повод да се слушне гласот на еднородителските семејства, рече на отворањето на трибината, Татјана Крнчева, претседател на Форумот на жени на СДСМ во Битола, која додаде:-Ние сме нивната алатка и нивниот сервис кој во континуитет, сериозно и одговорно приоѓа на оваа проблематика и е во постојана борба за обезбедување на подобар и поквалитетен живот на мајки и татковци херои во “приказната“.На трибината зборуваа Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и воедно претседателка на Форум на жени СДСМ и Јасмина Кочанковска.На трибината беа присутни и претседателот на СДСМ од Битола, Драган Крајовски, секретарот Гордана Анастасова, членови на ОО на СДСМ Битола, советници…-Семејството не е важна работа, семејството е сее!” Да го негуваме, беше пораката која беше испратена на крајот на трибината.
“Семејството не е бројка, семејството е љубов”, трибина на Форумот на жени на СДСМ-Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)
- Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)
- Бутката за “компирчињата“ која беше на Широк Сокак, кај Османлијата, во Битола замина во историјата (фото)
- Деновиве пред 10 години: осветено црквичето “Св. Ѓорѓи“ во Старски дом во Битола (фото)
- На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)