Press "Enter" to skip to content

Јулијана Здравковска од Битола, сопственичка на агенцијата “BLUE HOUSE“ – real estate, во Переа, Солун: работата се зголемува, планирам отварање втора канцеларија

Жанета Ристевска

Во последните години многу луѓе од Битола и цела држава заминуваат во различни краишта низ светот… Различни реални приказани за живот, работа, докажување… во туѓа земја, со сите тешкотии и предизвици кои ги носи. Една од нив е и приказната на Јулијана Здравковска од Битола. Таа елиценциран агент за продажаба на недвижнини и сопственичка на агенцијата “BLUE HOUSE“ – real estate Переа, Солун Грција.  Вака го започнавме интервјуто за Јулијана Здравковска во јуни минатата година, кога таа ни зборуваше за агенцијата, ковид кризата, купопродажбата на станови, поволностите, за златната виза… Интервјуто предизвика голем интерес, а делови од истото беа превземени и споделени од други портали низ државата. Една година потоа  ја посетивме Јулијана Здравковска  во Переа каде живее и се наоѓа канцеларијата на “BLUE HOUSE – real estate“. Спонтано започна…

-Переа е атрактивна и актуелна за купувачите на недвижен имот заради својата местоположба на Солунскиот залив. Солун е на само 15 минути возење, туристички места од Олимписката ривиера… Убаво е тука, на брегот на Солунскиот залив од каде погледот кон Солун е посебен во текот на денот или навечер со разнобојните светла кои сјаат во морето. Наутро е посебно мирно, тивко и затоа овде во кафе бар “Fame“ ми започнува денот со кафе, каде црпам енергија за работниот ден. Потоа започнуваат обврските поврзани со работата. Секој ден патувам на Халкидики, Олимписката риевиера, Солун каде има потреба за работата… Ќе кажам дека мора да се биде смирен, со бистра глава, мала грешка во договори, документи носи големи последици. Потоа тука е комуникацијата со клиентите. Во однос на доверба со клиентите и во однос на пари. Мора да се биде многу внимателен. Работата е многу одговорна и мала грешка се плаќа со голема сума на пари. Постои и конкуренција во работата каде не се бираат средства за да се постигне целта. Бидејќи има голем број агенти за недвижен имот кои кога ќе видат дека некој сака да купи нешто веднаш го преземаат Затоа често овде е “мојата канцеларија“, каде неформално се среќавам со моите клиенти. Тука преку ден кафе бар “Fame“, а навечер во ресторанот име “Таласас“. Без заобиколување кажа Јулијана која заради својата искреност, спонтаност и фер-плеј веќе ја знаат во нејзината работа и има успех во истата. Започнавте свој сопствен бизнис во друга држава. Од каде идејата за отварање на “BLUE HOUSE“ – real estate.

-Дојдов во Грција пред 9 години, а претходно бев вклучена во некои од програмите за погранична соработка. Потоа започнав да работам тука и следуваше преселувањето од Битола во Солун, каде повторно се зафатив со многу работи, благодарение на моето образование и одлично познавање на англиски и грчки јазик. Приликите ме однесоа и се вработив во агенција за недвижнини “Remax“ во Солун. Ако работиш како агент во фирма тогаш можеш да бидеш материјално оштетен, не е исто да работиш за друг или за себе. Во еден период, се случи да продадам 4 станови во рок од една недела. Се охрабрив и  одлучив “ќе рескирам и ќе отворам своја агенција“. Пријатели ме подржаа со зборовите “ти продадае 4 станови за краток рок, те бива за оваа работа зошто не ризикуваш за да вложуваш и работиш за себе“. Така се роди идејата да отворам своја лиценцирана агенција за недвижнини под име “BLUE HOUSE“ – real estate, со седиште во Переа Солун, каде имам канцеларија.Единствена македонка лиценциран агент, кажете ни повеќе за вашата агенција и името BLUE HOUSE …?

-“BLUE HOUSE“ – real estate е лиценцирана агенција за недвижнини се отвори пред 4 години, а деновиве го славиме 4. роденден. Името “BLUE HOUSE“ дојде спонтано, асоцијација на  убавината на куќите покрај море. Мојата агенција нуди станови и други недвижности во сите делови на Солун, во Солунскиот залив, на Халкидики, на Олимписката ривиера, на островите, во сите градови во Грција. Ние посредуваме и при купување на станови во било кој дел на Грција, секако и земјиште за граѓани и од Македонија, а целата комуникација е на македонски јазик, се до добивање на имотен лист. Агенцијата посредува и при издавање и изнајмување на станови во Солун и во сите туристички места во Грција, за сите македонски туристички агенции кои сакаат да носат туристи.Каков е интересот за продажба на недвижнини, сега како се одрази корона кризата врз купопродажбата на недвижнини?

-Побарувачката на станови е се поголема, во овој дел има многу кои купиле недвижнини  од Македонија, Србија , но и цел свет, имав клиент и од Јужна Африка. Цените моментално се  повисоки, квадратот се движи од 1500-2000 евра и  во зависност од местоположбата, прв ред станови достигаат и 3000 евра за квадрат. Но, сепак има поголема побарувачка одколку понуда на недвижнини. Слободно ќе кажам дека Переа (Солунски залив) актуелна за купувачите, но и туристите  на  заради својата местоположба, секако и за битолчани, бидејчи од Битола до Переа е нешто повеќе од 200 километри. Многу Грци избегнувајќи ги поголемите  градови купуваат станови и се преселуваат тука. Исто така многу македонци, срби, бугари, германци односно од цел свет. Еве ќе посочам еден пример на стан во продажба сега во Переа. Тоа е  поткровлје убаво опремено, средено со зелена тераса од околу 100 квадрати. Има идеална местоположба прв ред со прекрасен поглед кон морето и во центарот на Переа, достигна цена 330.000 евра.Корона кризата и продажбата на станови…

-Се чини како пандемијата да немаше влијание на продажбата на недвижнини, не се намали побарувачката. Се сеќавам интересот беше голем, а влијание сигурно имаше и пандемијата, стравот од летување во хотели, со што оние кои беа во можност инвестираа и купуваа станови и помали, но вложуваа и во хотели. Имаше можности да се инвестира во стари станови на пониски цени на многу добри локации, да се вложи во нивна реконструкција и да им се подигне цената.Во минатото интервју кажавте  за бенефииите кои се добиваат при купување на недвижен имот во Грција, кои предизвикаа голем интерес. Кажате околу овој дел?

-Со купувањето на недвижен имот се добиваат и бенефиции. На пример, со купување на имот од над 250.000 евра имот, се добива и златна виза. Покрај тоа на кое име е ивестицијата оваа привилегија ја добиваат и потесните членови на семејството. Со купен имот од над 2.000.000 евра се добива и државјанство. Нашата агенција има многу добар тим и соработка со адвокати и нотари со кои соработува и лесно посредува во добивање на златна виза и државјанство. Исто така и во водење на документи, заверка, превод и се друго.Кажете ни повеќе за животот пред за време и после пандемија и целокупниот живот во Грција? 

-Пандемијата остави последици, двегодишнот затворање имаше влијание врз цела економија посебно на туризмот како гранка. Пред пандемијата со вирусот ковид-19, туризмот од кој Грција имаше многу голем приход од 2012 година, па натаму одеше во пораст. Според статистички податоци од 2012 до 2019 влезот на туристи и туристичките сместувања беа зголемени. Потоа заради пандемијата и затворени граници тоа се одрази на цела економија. Беа донесени мерки за помош од страна на државата. Ќе ги кажам оние кои ги знам. На вработените им се исплаќаше по 534 евра месечно. На сопствениците им се плаќаше киријата и уште два пати им се исплати парична помош за време на пандемијата, бидејќи во текот на 2020 од месец октомври до средината на мај, поточно 15 мај кога заврши карантинот, бевме затворени со почитување на строги вонредни мерки. После 15 мај 2021 година се влегуваше во Грција со вакцина и ПЦР тест но се уште имаше строги мерки и влезот на туристи беше помал. Оваа година од 2 мај се отворија границите и мерките се намалени, не е потребен сертификат за вакцини, маски се потребни само на некои места. Со ова и бројот на туристи уште сега во мај се зголеми. Цените се малку во пораст, сместувањето  се движи од 30 евра, но се уште сме на почеток на сезона. Сигурно ќе се движи  од 50 евра до 80 можеби и повеќе во ек на сезона јули и август.Идни планови…

-Имам многу соништа, многу планови ми се во глава. Сакам да рескирам, така досега и сум губела, но и добивала. Во Грција има можности. Животот во поголемите градови во Грција како Солун е многу подинамичен, поголема конкуренција, но и можности за работа повеќе. Во идни планови кои се надевам ќе се реализираат е отварање втора канцеларија на “BLUE HOUSE“ – real estate, која е потребна заради проширувањето на работата. Потоа инвестиција заедно со главен инвеститор во хотел со ресторан. За овие планови моментално сум во преговори. Понатаму се надевам ќе има и други.За еден странец да успее овде е многу тешко, има многу препреки. Но, за многу работи се многу повеќе организирани и институциите работаат добро. Се разбира потребни се упорност, истрајност и многу работа за успех. Со нејзиниот немирен, авантуристички дух за нејзните соништа нема граници.  Сигурна сум дека нејзините предци прадедо, дедо од Лазарополе кои доаѓале во тогашниот Серес и Солун за трговија, биле кројачи и слаткари  со своја слаткарница тука, како што ни раскажа  нашата соговорничка, се гордеат со неа и нејзината истрајност, храброст, со борбен дух кој не се откажува лесно. Можеби исто како нив, кога патувале,  доаѓале и на своите коњи на голема далечина во големиот трговски град. А во фото галерија ви ја претставуваме Переа и прекрасниот залез на сонцето во Солунскиот залив.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »