Press "Enter" to skip to content

Тимот на “Кинекс“ победници на 2. хуманитарен “Бељот турнир“ во Битола (фотогалерија)

Денес се одржа 2. по ред хуманитарен “Бељот турнир“ во Битола, во организација на Ротаракт клубот Битола од Битола, кој се одигра на 16 маси, на истата ланска локација, на пешачката зона покрај река Драгор, од “Рудо Јагне“ до првото дрвено мовче.Победници на годинашниот турнир во бељот се тимот на “Кинекс“ од Битола кои беа најдобриод 32 екипи, а до титулата најдобри бељотчии дојдоа по четири победи над екипите кои им се “паднаа“ на жребката. Инаку, правилата беа исти како и лани, се игра во тим од двајца, на две добиени партии и со директно испаѓање.Сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, а тимот кој го организираше овој турнир, Ротаракт клубот Битола, дополнително ќа објави каде средствата ќе бидат донирани.-Радоста и насмевките ваши беа наша награда за трудот кој го вложивме за овој настан да биде тоа што беше. Се надеваме дека како и оваа година, така и наредната ќе биде се подобар и помасовен. Благодарност до сите фирми и пријатели на клубот кои ја препознаа оваа идеа и помогнаа на било каков начин, рекоа од Ротаракт клубот Битола, кои додадоа на крајот:-На Битола му требаат вакви настани. Се гледаме наредна година.

More from ВестиMore posts in Вести »