Денес се одржа 2. по ред хуманитарен “Бељот турнир“ во Битола, во организација на Ротаракт клубот Битола од Битола, кој се одигра на 16 маси, на истата ланска локација, на пешачката зона покрај река Драгор, од “Рудо Јагне“ до првото дрвено мовче.Победници на годинашниот турнир во бељот се тимот на “Кинекс“ од Битола кои беа најдобриод 32 екипи, а до титулата најдобри бељотчии дојдоа по четири победи над екипите кои им се “паднаа“ на жребката. Инаку, правилата беа исти како и лани, се игра во тим од двајца, на две добиени партии и со директно испаѓање.Сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, а тимот кој го организираше овој турнир, Ротаракт клубот Битола, дополнително ќа објави каде средствата ќе бидат донирани.-Радоста и насмевките ваши беа наша награда за трудот кој го вложивме за овој настан да биде тоа што беше. Се надеваме дека како и оваа година, така и наредната ќе биде се подобар и помасовен. Благодарност до сите фирми и пријатели на клубот кои ја препознаа оваа идеа и помогнаа на било каков начин, рекоа од Ротаракт клубот Битола, кои додадоа на крајот:-На Битола му требаат вакви настани. Се гледаме наредна година.
Тимот на “Кинекс“ победници на 2. хуманитарен “Бељот турнир“ во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)
- Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)
- Бутката за “компирчињата“ која беше на Широк Сокак, кај Османлијата, во Битола замина во историјата (фото)
- Деновиве пред 10 години: осветено црквичето “Св. Ѓорѓи“ во Старски дом во Битола (фото)
- На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)