-Битола од секогаш биле град во кој мото-кросот имал свои привраници, голем број на мотокросисти и на секој натпревар имало и по неколку илјади публика, без разлика дали трките се одржувале на патеката кај Братиндол или пак многи години порано, низ Битола, околу реката Драгор. Па така и пред 10 години во Битола се одржа трка, но на “нова“ локација на патеката која се наоѓа кај месноста Смолево, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство.-На тркаво кај Смолево во 2012 година победи Христијан Илиевски – Кико со што уште еднаш докажа дека тогаш беше неприкосновен на патеката и победи со голема предност во МХ2, а на повеќе од 3.000 љубители на овој спорт, крај патеката “Смолево, им приреди одлична забава, изведувајќи акробации на скоковите. Во класата МХ3 победи Никола Тодоров од Битола, пред Борче Костов. Во најмладите победи Адријан Ристевски член на Мотостарс од Битола, пред Христијан Станковиќ и Лука Ристевски, се сеќава Миновски и додава:-Оваа мото-трка од Шампионатот на Македонија ја организираше Мотоциклистичката
федерација на Македонија во соработка со Мотостарс од Битола, а под покровителство на Општина Битола, “Цермат“ и “ЛТД“.
Деновиве пред 10 години: мото-крос “Смолево 2012“, победник Кико (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)
- Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)
- Бутката за “компирчињата“ која беше на Широк Сокак, кај Османлијата, во Битола замина во историјата (фото)
- Деновиве пред 10 години: осветено црквичето “Св. Ѓорѓи“ во Старски дом во Битола (фото)
- На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)