Верници од Битола, заедно со жителите од село Маловишта, кое е единствената населба која е опфатена во составот на Националниот парк “Пелистер“ се искачуваат кај малата манастирска црква “Св. Спас“ каде го празнуваат празникот на Христовото вознесение – Спасовден кој спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Видикот и погледот од горе, од просторот крај малата камена црква посветена на “Свети Спас“ – Вознесението Христово, изградена на гранитно возвишение над селото Маловиште, се вистинското нешто на овој величествен природен простор. Од таму, горе, видикот овозможува да се види и она што ретко кој може да го замисли. Битола со Пелагонија, потоа, следат Пелистерските врвови кои како да ни се на дофат, прекрасната Преспа со двете езера, Мало и Големо Преспанско Езеро, со островите “Свети Ахил“, каде се верува дека е гробницата на Цар Самуил, Мал и Голем Град, потоа Галичица, Петринска Планина, Ресен и цела котлина со обработените овошни јаболкови насади, и уште околу, кон Бигла и Илинска Планина, цел простор на Демир Хисар, Крушевско и повторно Пелагонија со Битола. Денес битолчани кои се искачија горе “Свети Спас“ кој секоја година се слави на 40-тиот ден по најголемиот христијански празник – Воскресението Христово-Велигден, можар да си доволат ваков поглед, а Димитар Триста од Битола, кој заедно со другите се искачи утрово, од таму ни рече:-Ова за мене како верник, да сум тука на овој ден, кога се празнува Христовото вознесение – Спасовден, е чувство кое тешко се опишува со зборови. Да се дојде тука не е лесно, но кога ќе се дојде тука, ќе се погледне камбаната заедно се карактеристичната црква “Св. Спас“ е нешто кое на секој кој може да се искачи без некои здравтсвени проблеми, да го направи. Потоа, секако, откако запаливме свеќи и се помоливме за здравја на сите, следуваше и искачувањето на Вртешка, а погледот од таму е единствен.Инаку, скромната камена градба на манастирот „Свети Спас“ на надморска височина од 1.950 метри е надополнета со мал планински заклон, кој претставува своевиден конак. Конакот, за намерниците и планинарите се наоѓа во секое време од годината, па така, и при сончев ден и при силна зимска вејавица тој може да заштити и конечно да биде заклон за преживување. Тој планински заклон-конак го одржуваат планинари ентузијасти од ПСК “7-ми Мај“ кои, заедно со вработените во Националниот парк “Пелистер“ се најзаслужни за неговата изградба и за тековното одржување на објектот.
Битолчани од изгрејсонце на манастир “Св. Спас“ над Маловиште на 1.950 м.н.в. го празнуваат Спасовден (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: се одржа 35. по ред издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” во Битола (фото)
- In memoriam: Петар Павловски
- .
- Пивски ден, пивска ноќ, во Битола на фестивалот “Бирарија“ за занаетчиско пиво (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: “Пегаз ЕДУ” Битола ги доделени првите сертификати за професионални пожарникари
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци