Во рамките на фестивалот “Битола отворен град“ кој се одржува во организација на МКЦ Битола, синоќа на третиот де, се одржа промоција на монографијатата “МИЗАР Откровенија 1981-2021“.Промотор на монографиата беше Тошо Филиповски, кој одлично го направи тоа, а битолчани кои беа дојдени на промоцијата со големо внимание го слушаа.
333 страници исполнети со текстови, изјави – сеќавања како на членовите на бендот, така и на новинари, рок критичари, организатори на концерти, познати музичари од Македонија и надвор од Македонија, бројни фотографии, голем број необјавени досега, податоци за сите концерти кои ги одржал Мизар, за сите постави кои свиреле на тие концерти, топ листи каде го има Мизар, но и за првпат кога станува збор за еден македонски бенд, Тошо на омотот на книгата создал „фамилијарно“ стебло кој ги преставува сите постави на бендот и над 50 членови кои низ него продефилирале. Димовски “раскажа“ како МИЗАР го развиваше модерниот македонски музички идентитет во своите 40 години постоење.
Тошо, зборуваше за почетоците и за тоа какво влијание врз него изврши бендот во неговата младост. Подоцна тие станаа и негови пријатели, оттука и поривот кај него, за разлика од повеќето монографии кои се создаваат на идеја на поединци, групи или заедници, кои за таа цел ги даваат потребните материјали и пари за хонорар и печатењето, Тошо се зафати со посветно истражување чувствувајќи лична и општествена потреба приказната за Мизар која трае 40 години да биде собрана во една книга.“Димитар Николов Таки, беше нивниот прв неофицијален менаџер. Со него ние како Битола сме многу поврзани, тој прерано не напушти, но трагите од тоа време остануваат, Вечерва во публика е неговата сопруга, актерката Кристина Христова Николова, неговиот син и ќерка….што Таки ти зборуваше за Мизар” – праша Ангелкова
Тошо, ја раскажа средбата со Таки и особено со линковите кои тој ги создаде за бендот во Словенија и Хрватска, каде им беше отворена големата врата на кариерата.
-Таки во Мизар виде потенцијал уште кога тие беа демо-бенд и никој не се занимаваше со нив. Тоа е генијална проценка. Мора да знаеме сите дека Мизар извршил влијание и врз самата Македонија, затоа што Мизар се појавува во едно комплицирано време во осумдесетите години, кога се случуваат политички поместувања во тогашна Југославија, кога се случуваат промени врз кои влијание имаат и десетина тогашни рок состави почнувајќи од првите панк групи и набрзо преку новиот бран. Меѓу нив е Мизар, единствен бенд тогаш од Македонија, но кој пак е така оригинален, како што сметаше и Таки, што и не може да се дефинира класично ниту во панкот ниту во новиот бран, но дејствува паралелно со нив и врши силно влијание. Влијание и преку јазикот македонски, влијание и преку потпирањето на македонската традиција и историски вредности на Македонија, но и преку бунтовноста и да речам, непокорноста кон тој тогашен систем, по цена и на развојот на кариерата на Мизар. Штета што немав можност да го видам Таки кога го пишував финалниот дел од книгата, сигурен сум дека ќе ку значеше…за среќа има една фотографија од бендот со него во монографијата и тоа е вредна историја” – изјави тој синоќа на промоцијата.
После промоцијата следуваше и слушачко уживање на музиката на Мизар со Александар Гулевски“.Промоцијата се одржа в дворот на МКЦ Битола, медијатор беше Љубица Ангелкова, а настанот и “Битола отворен град“ се дел од годинашното издание на “Бит фест“.
И по завршувањето на промоцијата, присутните останаа да зборуваат со авторот за МИЗАР, за таа музичка појава која не ги копираше западните бендови од ист музички правец. Тие во својот музички израз на единствен начин го споија класичниот готик рок со македонската музичка традиција, влијанието на византиската музика и православното црквено пеење, нешто што и тогаш и денес воодушевува.