Press "Enter" to skip to content

Музиката на Клод Болинг синоќа во Офицерски дом во Битола (фотогалерија)

Синоќа во Офицерски дом во Битола, во рамките на “Битфест 2022“, се одржа концерт насловен “Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на труба и џез пијано трио, во состав: Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас, Филип Шурбевски-тапани.Академски музичари изведуваа музика за труба, пијано, контрабас и тапани од композиторот Клод Болинг. Оваа музика е микс од класична и џез музика и е приемлива и интересна за секој слушател. На програма се најдоа Allègre (C Trumpet), Mystique (E Flat Trumpet), Garnerama-jazz piano trio, Rag-Polka (B Flat Cornet), Marche (B Flat Piccolo Trumpet), Jazz A la Francaise-jazz piano trio, Vespérale (B Flat Flugelhorn) и Spirituelle (B Flat Piccolo Trumpet).Инаку, Клод Болинг роден на 10 април 1930 година, е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач. Роден е во Кан, студирал на Конзерваториумот на Ница, а потоа во Париз. Детски генијалец, на 14 години професионално свири џез пијано. Тој има големи заслуги за  традиционалното заживување на џезот кон крајот на 1960-тите и се дружел со Оскар Петерсон.Пишува музика за 75 филмови, 44 музики за телевизиски серии, музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика.