Press "Enter" to skip to content

Вечер завршува “Битола Шекспир фестивал“ со “Хамлет“ на театарот од Плевен

Ансамблот на Драмски театар „Иван Радоев“ од Пловдив, вечер со претставата „Хамлет“, ќе го затвори годинешниот “Битола Шекспир фестивал“, на сцената на НТ Битола, кој е во рамките на “Бит фест 2022“.

-Ова е улога од соништата што сите актери сакаат да ја играат. Ова е текст што секој режисер сака да го постави. Па, ајде да се обидеме… Всушност, идејата и гласините за претставата не соодветствуваат со драмата. Приказна која многу не потсетува на сликата во огледалото рано наутро. Сенка од нас самите од која можеме да излеземе само кога ќе и свртиме грб или кога сонцето ќе ни го сврти грбот, вели режисерот Торосјан во пресрет на вечерашното гостување во Битола.

Осмото издание на „Битола Шекспир фестивал“ се одржува под мототот „Мислата е слободна“, а годинава освен актери од Бугарија, учествуваа и уметници од Италија, Црна Гора, Полска, Албанија и домаќинот и организатор на фестивалот НУ Народен театар-Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »