Press "Enter" to skip to content

Ристо Димитров – Чурино, фитнес и тренер за боречки вештини ММА, ултра маратонец: Никогаш не се откажувај, не се предавај! Животот е една голема борба

Пишува: Жанета Ристевска

Ристо Димитров – Чурин, од Битола, во 2021 година е прогласен за еден од  “TOP 5“ најдобри тренери  според американското  списанието “Level Up“. Исто така во 2021 ја добива наградата за посебен придонес во спортот која ја доделува  Сојузот на спортови на град Битола. Спортист на град Битола и најдобар професионален спортист за 2020 година. Носител на Интернационален професионален појас BARABER FIGHT NIGHT 2019 do 75 kg во мешани боречки.  3 медали на различни трки (Sprint 5km, Super 14 km i Beast 22 km) на “Spartan Race Arabia“.   Медали на “Al Mouj Muscat Marathon“ во 2017, 2018, 2019 година, а денес е амбасадор на “Muskat marathon“ и официјален тренер на маратонците од Мускат кои ќе го трчаат полумаратонот на различни терени. Ова се само некои од неговите успеси.Ристо Димитров кој во Битола го познаат кратко како Чурино, живее и работи во султанатот Оман, држава во Југозападна Азија. Го искористивме неговиот престој и одмор во Битола за  разговорот, а како прво ни кажа дека низ спортот ја промовира Македонија и Битола на многу спортски шампионати и вели:

-Гордо ја претставувам Македонија со победи секаде каде учествувам под различни Федерации за мешани боречки спортови т.н. ММА и маратон трки.  Сум се родил во Македонија и за мене постои само Македнија. Во Оман слушнаа за Битола, Македонија, често ме прашуваат каде се наоѓа, им објаснувам за нејзината историја, мило ми е за тоа, ме исполнува кога на “Гугл“ му кажувам каде се наоѓа мојата земја.

Пред неполн месец, заедно со партнер, отвора фитнес сала и теретана “LUPUS GYM“, каде веќе  70 клиенти редовно вежбаат, со индивидуални тренизи се околу 40, а имаме најавени за да започнат од септември, најчесто чекаат за индивидуални тренинзи кај него. Моментално заедно со сопругата Милка Димитров која држи женска група од 10 жени, се едни од најбараните тренери во Оман, а за тоа кој се негови клинети вели:-Има многу видни личности кои сум ги тренирал и сега тренираат кај нас, но не можеш да ги препознаеш бидејќи се однесуваат многу нормално. Многу често врз основа на документите кога ги запишуваме научуваме кои се, дали се од кралскот семејство со додавката “Ал Сајид“ или имаат други тотили. Оваа идеја за приватен бизнис  тргна уште за време на корона кризата кога заради пандемијата се беше затворено, се намалија платите на 50% и се немаше излез друг. Тогаш дојдов на интересна идеја за подвижна вежбална,  теретана. Во едно комбе натоваривме различни справи, душеци, точаци … и одевме по куќи или ќе ги поставевме во во двор, парк или на плажа, бидејќи не беше забрането вежбање на отворено. Така оние кои сакаа да вежбаат имаа каде. Таа идеја наиде на голем одзив и стана популарно, бидејќи во тој период беше начин оние кои беа дома, се справуваа и со стресот на еден начин.Вака Чурино го започна разговорот околу новиот бизнис, сега преопкупација на брачниот пар Димитров. Но, за да се стигне до тука поминат е трновит пат на напорни тренизни, натпревари, порази, победи и многу трки и тоа Спартански. Кој е патот да се стигне во првите Топ 5  тренери за 2021 година на светско ниво. Кога започнавте да спортувате?

-Започнав на своја 7 годишна возрст да тренирам карате во Студент. По неколку години престанав и потоа се запишав во школата за боречки вештини кај мајсторот Златко Неделковски. Таму започав да тренирам кик бокс, имав 12 години. Направив неколку аматерски борби и увидов дека  имам слабост во рачната техника. Затоа  започнав напоредно да тренирам бокс во Пелистер. Подоцна  тренирав  џудо и џиу џицу кај Ѓуро Илиќ.  После 18 година џиу џицу и мешани боречки спортови ММА како се нарекуваат со едно име, започнав со аматерски борби во кои секако имав и порази. Поразите ме натераа да тренирам напорно. Тогаш увидов дека животот е борба во која нема предавање.Учество и  прва победа на “Final fight championship 2013“ година во Македонија.

-“Final fight championship“ беше Интернационален шампионат со професионални борби во кик бокс и ММА. Се одржуваше во Македонија 2013 година. Настапив како тотален анонимус. Сите други натпреварувачи беа познати ММА борци на терен, но во борбоите сите изгубија со нокаут. Се сеќавам имав борба последен со голем товар. Тоа беше тешка борба со три рунди со противникот од  Грција. Победив и тоа ми беше прва победа на Интернационален шампионат меѓу 80 натпреварувачи во ММА боречки спортотви од целиот  свет. Борбите се пренесуваа во живо, а на цел овој настан  присуствуваа многу видни  личности од спорот, политика, бизнис во Макдонија. Сите пишани и други медиуми известија за мене и победата, од  анонимен станав познат. Мислам дека од тогаш се тргна напред, сигурно многу ми влијаеше на самодовербата, но и поттик за уште понапорни тренинзи. Во тој период пред борбата ќе ги издвојам тренинзите  на Тајланд каде престојуваав 16 дена, тренирајќи различни боречки спортови и вештини.Прв ММА Интернационален турнир  во Битола со професионални и аматерски борби во кафез.

-Во 2016 бев еден од организаторите на  Интернационално аматерско првенство во граплинг Битола. Донесовме 22 натпреварувачи 11 борби во кафез. Ние кои  го организиравме многу вложивме во овој настан, но ќе кажам дека не најде на одзив за публика, бидејќи од оние кои требаше да дојдат половина отидоа на Комитска вечер, половина на митинг на СДСМ. Ова всушност ја опишуваше општествено политичката ситуацијата во градот и до каде е интересот за спорт.Заминување во султанат  Оман во 2017 година.

-Најпрво ме викна од “UFC GYM“ за да работам во Дубаи како тренер, после голем број победи кои ги имав направено во ММА споровите. Потоа ми се јавија од државата Оман каде  UFC GYM отворија сосем нова сала за вежбање и ми кажаа јас да ја направам структурата и програма за вежбање во ММА спортовите на пробен период од 6 месеци. Сметајќи дека неме што да изгубам дека секогаш е тука Македонија за да се вратам, прифатив и заминав. Еве веќе 5 години сум тука од 2017 година и во ниеден момент не се покајав што напуштив се и дојдов тука со моето семејство. Мојата сопруга и синот Марко кој има 10 години и после он лајн настава, од есен ќе започне во државно интернационално училиште во Оман. Инаку, Оман е  султанат држава во Југозападна Азија. Таа е  најстара држава која го прими исламот после Саудиска Арабија. Ја сметаат за света земја. Прогласена е за една од најбезбедните земји во светот, буквално можеш да оставиш се на улица.  Арапите кои живеат тука се поинакви од  оние кои живеат во Кувајт или Саудиска Арабија, за кои се  смета дека се надмени. Овие се многу приземјени, можеби законите направиле да биде така. Ќе кажам интересни факти дека  има закони по кои сите на работа се исто облечени на пример мажите во бели диждаши, жените во црно абаи, така се наречени нивните фустани. На главите сите носат традиционални капи. Не носат  тешки накити, за да не се издвојува никој. Треба да бидат сите еднакви.Единствена земја каде има преубаво егзотично  крајбрежје и плажи, значи океан со делфини, ајкули… потоа во внатрешноста планина, кањон со 3 км длабочина, кој е втор  после Големиот кањон во САД.  Пустина после сат ипол возење, базенчиња т.н. “вади“ во пустината кои се вистински рај на земјата. Тука во близина на Мускат главен град на Оман е градот Сур каде се изработуваа рачно  бродови од дрво, галии. Сега живееме во елитна населба каде има и една фамилија од Скопје со кои се дружиме. Има и други Македонци кои работат на добри работни места во Оман и заработуваат добро.Тренер за боречки вештини во Оман.

-Кога стигнав таму направив програма за вежбање  и мораше да се почнае од нула. Ја направив програмата и директорите на USJIM и до ден денес ја користат таа програма како основа за ММА. Во Оман нешаее спортисти за ММА спортови, буквално оние кои дојдоа први, не знаеја која е лева која десна нога. Но сметам дека за овие 5 години се постигна многу во однос на промовирање на овие спортови таму, со постигање на врвни успеси. После 1-2  година се оформи тимот од Оман за борешки вештини од  18 – 35 години  кој беше пример за другите. Од првите натпревари по само една година тренизни се вративме  со 3 победи и 1 пораз. На “Dubai shampionship“  освоив 2 сребрени медали. Имавме и прв  женски натпреварувач со бронзен медал. Мојот ученик Ammar Al Barwani го освои првиот медал во џудо, Олимписки спорт на натпревар во Кувајт кој беше организиран од Кувајтската џудо Федерација, која е под Интернационалната Џудо Федерација и Олимпискиот Комитет. Потоа не награди султанот и не прими Министерот за спорт кое морам да кажам дека тука е големо признание. “SPARTAN  RACE“ – спартанска трка со препреки

-Уште на почетокот кога започна салата со тренизни, за да дадам пример се пријавив на “SPARTAN RACE“.  Тоа е трка  со препреки напорен бидејќи трчаш низ секеков предел низ камења, песок во пустина, нуркаш во вода, низ бодликава жица, се искачуваш… Мартон од 14 км со 29 препреки. Еден вид вишебој во кој учествуваа 370 маратонци од цел свет. Излегов  прв меѓу тренерите кои се натпреваруваа и 4. од сите, пред мене беа само професионалци кои се тркаат маратон. Со овој успех дадаов поттик и имаше влијание врз оние кои доаѓаа да тренираат.Успеси – појаси, медали, признанија…

-Најдобар борец на Интернационалне турнир во боречки вештини во Беране Црна Гора, со 3 златни медали, повеќекратен шампион во Боево Самбо, бронзен медал на Европско првенство во Кураш џудо 2018, носител на професионален појас за Европски шампион до 66 кгр. под ISFA (International Submission Fighting Association), златен медал во Grappling na Internacionalniot natprevar WAWAN FIGHT NIGHT 2018 во Kuvajt, сребрен медал во BJJ na Internacionalniot natprevar WAWAN FIGHT NIGHT 2018, 2 сребрени меадали (со кимони и без кимоно) на престижното DUBAI INTERNATIONAL PROFESSIONAL JIU JITSU CHAMPIONSHIP, носител на Интернационален професионален појас BARABER FIGHT NIGHT 2019 do 75kg во мешани боречки, 3 медали во различни трки 5,14,22 км. на Spartan Race Arabia, квалификација на Светското првенство во историската Спарта, медал на планинската трка HIMAM TRAIL RUN 20215Идни планови

-Интензивно тренирам и се подготвувам за “Al Mouj Muscat Marathon“ во месец ноември. Маратон во Мускат оман  каде ќе се трча прв ден на 21 км, 2 ден 5 км. Тоа е хуманитарна трка. Потоа три различни трки на “Spartan Race“. Потоа трка на 100 км на планина на “HIMAM TRAIL RUN“ и финиширам со 160 км во пустина на песок “OMAN DESERT MARATHON“. Една хуманитарана организација ме побара да волонтирам да изберам од деца сирачиња кои имаат таленти и кои би имале  една можност за успех во животот.  Сакам да направам нешто што ќе биде големо одржливо имам сертификат за бизнис менаџмент, “лајфкоуч“  и уште учам за бизнис администрација.Својата репутација за еден од најбараните и најдобри тренери ја гради со труд, докажување и одлични резултати како натпреварувач во повеќе дисциплини во мешани боречки вештини ММА и маратон трки. На крајот од разговорот го прашав како се постигнуваат овие успеси. Низ насмевка Ристо Димитров рече: не спијам, станувам во 4 часот наутро и тренирам. Напорно тренирам и ме води мотото:

-Не се откажувај, не се предавај! Животот е една голема борба.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »