Во ко-организација на Правниот факултет при УКЛО – Битола и Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, Република Полска, во Офицерскиот дом во Битола, се одржа меѓународна конференција „Полска и Балканот во Европа – Успеси и предизвици“.Овој настан е дел од истражувачки грант „Амбициите на Балканот и Полската инспирација“ која е проект финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Полска во рамките на програмата за доделување на грантови „Јавна дипломатија 2022“.
На свеченото отворање на конференцијата пригодни обраќања имаа: Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ; Ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски; Градоначалникот на Општина Битола, др. Тони Коњановски; Директорот на Центарот за Европа, проф. д-р Камил Зајочковски; неговата Екселенција, Амбасадорот на Република Полска во Северна Македонија, г-дин Војчех Тчински; и Министерката за култура во Владата на РСМ, проф. д-р Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Во рамките на конференцијата беа организирани четири панели на кои панелистите зборуваа за Полска и Балканот во време на глобални безбедносни предизвици, потоа успесите на Полска при имплементацијата на политичките и економските реформи за влез во Европската унија; како и социо-политичките достигнувања на Полска како инспирација за Балканските земји; и местото на Полска како лидер во социјалните и културните општествени промени.
Целта на проектот е партнерите од Балканот да добијат совети од искуството на Полска при имплементацијата на искуствата од политичката, економската, законската, социјалната и културната трансформација.
Исто така, како дел од овој проект, на 02.07.2022 година на Правниот факултет во Битола беше организирана работилница ” Амбициите на Балканот и Полската инспирација” на која присуствуваа професори од Центарот за Европа од Варшава, како и професори и студенти од Правниот факултет при УКЛО. На работилницата свои излагања имаа професорот Богдан Горалчук и докторантката Дорота Јуркевич – Екерт, и двајцата од Центарот за Европа во Варшава.
Партнерите во овој проект сметаат дека со овие настани ќе овозможат продлабочување на заедничките контакти и воспоставување на нови, кои ќе влијаат на воспоставување на трајна соработка меѓу партнерите од Полска и Македонија.

Меѓународна научна конференција “Полска и Балканот во Европа – Успеси и предизвици“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Самоил Ристевски, ракометар во Еурофарм Пелистер 2 од Битола: наградата “Најдобар млад играч“ поттик за да тренирам уште посилно (фото)
- СВР Битола: жена тешко повредена откако била удрена од “рено“, 17 санкционирани возачи под дејство на алкохол
- Деновиве пред 10 години: мото-тура и моторџиско дефиле низ Битола (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, од пладневните часови можност за нестабилност
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)