Press "Enter" to skip to content

Бесплатни курсеви за изучување на кинески јазик, калиграфија, уметничко обликување хартија…

Претставници од институтот „Конфуциј“, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, денес ја посетија општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. На средбата беа презентирани активностите на институтот, кои се однесуваат на перманентно изведување на настава за изучување на кинескиот јазик на почетно, средно и напредно ниво, како и курсеви по традиционални кинески вештини – калиграфија, уметничко обликување хартија и слично, како и можностите за вклучување на овие активности како избор за учениците од битолските училишта.

Курсевите кои ги овозможува институтот „Конфуциј“ се бесплатни и се наменети за ученици од основно и средно образование, за студенти  и останати заинтересирани лица од сите возрасти, од индустријата и јавниот сектор. Претставниците на институтот информираа, дека во рамките на нивните активности, се реализираат и повеќе културни настани, кои имаат за цел интензивирање на комуникацијата, културната и научната соработка помеѓу граѓаните на НР Кина и Македонија.