На 05.07.2022 на ул. “Караорман” во Битола, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола лишиле од слобода 26 годишно лице од Битола. Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казна затвор од скоро една година, а бил осуден на казна затвор од 7 години и 2 месеци. Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.
На 04.07.2022 во 20.45 часот во СВР Битола, Д.С. (39) со австралиско државјанство и престој во Охрид, пријавила дека околу 18.40 часот на ул. “Мирка Гинова“ во Битола, три лица физички ја нападнале и и одзеле пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во времето од 10-14 часот на подрачјето на СВР Битола полициски службеници од СВР Битола во рамките на проектот на МВР – “Безбедно лето“ спроведија акциска контрола по “Законот за јавна чистота“ каде ги опфатија околните места на градовите, градските пазари и дивите депонии. Во рамките на акцијата беа вклучени и комуналните инспекции од Општините каде на граѓаните им беше укажано за јавната чистота.