Press "Enter" to skip to content

Во Битола 19 нови позитивни на ковид-19, оздравени 7, активни 71 случај

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19 Битола се 19.

Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од Битола се 7.

До сега во Битола има 15.854 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 71 случај.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. 

Направени се во Битола 45 тестови преку ЦЈЗ Битола 37 и преку “Плодност“ 8.

Досега во земјата се направени вкупно 2.085.639 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.794, бројот на оздравени пациенти е 304.341, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.126.