Press "Enter" to skip to content

Детска забава на “Магнолија“ – “Чекор пред себе“

Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука“ од Битола, во соработка со танцовиот клуб „Спортакус“ исто така од Битола, со поддршка од општина Битола, на плоштадот “Магнолија“, организираа голема детска забава, насловена „Чекор пред себе“.

Настанот имаше за цел, подигнување на свеста за грижата за физичкото и менталното здравје со акцент на најмладата популација, преку активно вклучување на децата во повеќе забавно едукативни активности.

Преку танцот, музиката, пишаниот збор и ликовното изразување, беше потенцирана важноста на овие активности кои се многу значајни за негување на моралните вредности, во функција на зачувување на здравјето.