Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Битола ќе се бори за пласман во “Ф4“ во СЕХА лигата против Мешков Брест

Извршниот комитет на СЕХА донесе одлука за продолжување на натпреварувањето за сезоната 2021/22, а ќе продолжи во август 2022 година, кога ќе се играат четвртфиналните натпревари, а во Битола ќе гостува Мешков Брест.

Групната фаза нема да се доигрува, а четвртиналните натревари ќе се играат помеѓу 8 и 25 август, а завршниот турнир “Ф4“ ќе се одржи од 2 до 4 септември во Задар, Хрватска.

Осум екипи ќе играат четвртфинале, а екипата на Еурофарм Пелистер ќе игра против екипата на Мешков Брест, аќе се игра само еден натпревар, а домаќинот беше одреден со ждрепка.

Екипата на Вардар ќе игра против Нексе.

 Четвртфинални двојки се:

Татран Прешов – Веспрем

 Вардар 1961 –  Нексе

Војводина – ППД Загреб

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест.