Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.153 тестови, а регистрирани се нови 411 случаи на КОВИД-19, од Битола се 33.
Регистрирани сe 210 оздравени пациенти од Битола се 16.
До сега во Битола има 16.003 кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 133 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Направени се во Битола тестови преку ЦЈЗ Битола 38 и преку “Плодност“ 22.
Досега во земјата се направени вкупно 2.092.345 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.