Press "Enter" to skip to content

“Летно ноктурно со виолончело и клавир“ во Офицерски дом (фото)

Синоќа во концертната сала на Офицерски дом во Битола, како дел од програмата на битолското културно лето “Бит фест“ се одржа концерт насловен “Летно ноктурно со виолончело и клавир“, на кој настапија Сара Једличкова и Камил Ел Ахмади од Чешка.

На концертот беа изведени дела од S. Bach, Scarlatti, Brahms, Bohuslav Martinů, Leoš Janášek  и Bohuslav Martinů.Сара Једличкова (Sarah Jedlickova) е родена 1996 година во Брно. Почнала да свири виолончело како дете во класата на Магдалена Духањова. За време на студиите во гимназијата Tř. kpt. Jaroshe решила да студира и виолончело на Конзерваториумот во Брно. Студирала таму две години во класата на Мирослав Зиха. По завршувањето на гимназијата, таа се префрлила на Прашкиот конзерваториум, каде продолжила часови со Михал Кањка. Успешно дипломирала во 2019 година. Во исто време студира музичка режија на Академијата за изведувачки уметности во Прага од 2016 година. Таа дипломирала во 2020 година и продолжува на магистерски студии под менторство на проф. Силва Стејскалова. Во текот на учебната 2020/2021 година реализирала пракса во странство на Сибелиус академија во Хелсинки на одделот за музичка технологија. Таму остварила часови по виолончело во класата на Раимо Сариола и часови по електроакустична композиција со Алехандро де Монте Ока и Алехандро Оларте. За време на студиите учествувала на повеќе меѓународни музички курсеви под водство на E. Osadchy, K. Žvak и B. Erichson.Во годините 2016 до 2019 година, таа беше активен член на Барокниот оркестар во Прага. Има настапувано неколку пати на концерти за Бохуслав Мартину Фондација и има одржано неколку самостојни рецитали во Чешка, Словачка, Македонија, Канада и Финска. Како музички директор соработува со повеќе солисти како Ема Гогова, Герт Хехер, Евгенија Воробиева, Наталија Швамова, ансамбли – Кукал квартет, Корвус Квартет и оркестри како што е барокниот оркестар на Прашкиот конзерваториум, Чешкиот национален симфониски оркестар и многу други.Камил Ел-Ахмади (Kamil El – Ahmadieh) е роден на 19 јануари 1994 година. Почнал да свири пијано на возраст од 4 год. во Основното уметничко училиште во Требич под водство на Рената Кучарска. После тоа студирал во Конзерваториумот Брно 6 години во класата на проф. Ина Асламас. Ги завршил студиите во ова училиште со дипломски концерт: Концертот за пијано од С. Рахманинов бр. 1 во придружба на Симфонискиот оркестар на Конзерваториумот Брно. Од 2016 г. ги продолжува студиите на Јаначковата академија за музичка уметност во Брно, каде што дипломира во класата на проф. Хелена Вајзер.

За време на студиите на Конзерваториумот учествувал и на натпревари. Во 2011 година ја добил првата награда на меѓународниот натпревар по пијано Бохуслав Мартину во Поличка. Истата година учествувал и на музичкиот фестивал Bachwoche Ansbach во Германија. Во 2013 година доби титула лауреат на Меѓународниот натпревар по пијано „Munchen Klavierpodium der Jugend“ во Минхен, Германија. Во мај 2019 година сними деби албум со дела компонирани од Бетовен, Шопен и Јаначек. Активен е и како камерен пијанист, како член во различни камерни состави. Седум години свиреше во клавирско дуо со Фам Хоанг Ан. Ова дуо беше создадено во 2012. Во април 2013 добија Втора награда и специјалната награда за интерпретација на современо дело компонирано од чешки композитор на Меѓународниот натпревар Ф. Шуберт за клавирски дуа во Јесеник. Истата година имаа можност да направат снимка за чешкото национално радио. Во Ноември 2014 година добија прва награда и специјална награда за изведување на современа музика на Меѓународниот натпревар за клавирски дуа „Four Hands On The Keybord“ во Карлови Вари. Во април 2015 г. добија Прва награда на меѓународниот натпревар Ф. Шуберт за клавирски дуа во Јесеник, а во ноември 2015 г. добија Прва награда, Специјална награда за најдобра изведба на дело од класицизмот и станаа апсолутни победници на меѓународниот натпревар за клавирски дуа Властимил Лејсек во Брно. Во октомври 2018 година, дуото свиреше на Меѓународниот фестивал на клавирски дуа во Амстердам. Од 2020 г. е студент на магистерска програма на Академијата Сибелиус каде што студира во класа  на проф. Хамса Ал-Вади Јурис. Во 2020 година доби  втора награда на W.A.Mozart International Piano Competition во Лугано. Во 2021 г. доби прва награда на VII. Меѓународен музички натпревар Один и прва награда на Меѓународен натпревар по пијано „Исполнители XXI века: Инициативы. Достиженија во Москва.