Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: акциска контрола, нарушување на јавен ред и мир, пријава за физички напад, сообраќајни контроли

СВР Битола спроведена контрола во рамките на проект “Безбедно лето 2022“, денеска (13.07.2022)  во времето од 08.00-11.00 часот на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола во врска со Планот на МВР за “Безбедно лето 2022“ при што беше постапувано по Законот за јавна чистота. За време на контролата која се спроведуваше во координација со општински комунални инспектори беа преземени вкупно 23 мерки, од кои 6 констатирани прекршоци и 17 предупредувања.

На 12.07.2022 на ул. “Кирил Пејчиновиќ“ во Битола, две лица од Битола на возраст од 31 и 38 години го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници од СВР Битола кои вршеле службени дејствија. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2022 во Полициското одделение Новаци, 34-годишна жена од Битола пријавила дека на работното место во државно претпријатие била физички нападната од претпоставениот на возраст од 54 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 47 возачи, од кои 26 санкции се изречени за пречекорување на дозволената брзина во населено мести и 21 санкција надвор од населено место. 

More from ВестиMore posts in Вести »