Press "Enter" to skip to content

Денес Св. Кузман и Дамјан се славеа во “малото црквиче“ на “Солунска“ 114 во Битола (фото)

Нема битолчанец кој не го посетил и не знае за малото црквиче во Битола, кој е посветено на светите чудотворци, безсребреници, Кузман и Дамјан и кој не бил и не запалил свеќа и не се помолил за здравје. Така беше и денес кога ние го посетивме “малото црквиче“, каде имаше голем број на наши сограѓани, ни и по две години и повратници од странство.Параклисот кој се наоѓа во мал двор на улицата “Солинска“ број  114-а, во Битола, кај основното училиште “Стив Наумов“, битолчани го посетуваат два пати годишно, во лето и доцна есен, кога се слават Светите Кузман и Дамјан.Битолчани и денес го посетија ова свето место и се помолија за здравје, свое, на семејството како и на сите болни, како и прилега на денешниот ден, денот посветен на двајцата чудотворци.-Тука сум по две години, а поради короната не доаѓав во Битола од Австралија. И кога бев дете ме “носеа“ моите тука да запалиме свеќа, да се помолиме за здравје, а деновиве сум во Битола, и секако дека дојдов во малото црквиче, кое ме потсетува на моето детство, ни рече Дијана од Сиднеј.Карактеристично за ова црвиче е тоа што се наоѓа во двор на битолчанец, кој не е православен верник, но тој два пати годишно ги отвара вратите на својот двор за сите битолчани, кои сакаат да се помолат на светите, безсребреници, Кузман и Дамјан и да наполнат вода од изворот кој е тука и по рушењето на црквата која се наоѓала на ова место. Се прикажува дека црквата била голема и имала голем двор, но, откако таму некој Турчин направил куќа таа е срушена.Денот посветен на Светите Козма или Кузман и Дамјан, спаѓа меѓу поголемите празници кои се празнуваат имендени. Меѓу нашиот народ, денов  е познат и како Свети Врачи или едноставно  Световрача. Зборот врач и денес во некои словенски јазици (во рускиот јазик) значи лекар. Наречени се бесребреници или безмитни, затоа што според житието, бесплатно лекувале  и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“Во народниот живот овој празник  го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина како лекување со билки на пример. Тие на овој празник не работат, зашто во спротивно нема да им “фати“ лекот.Градот Сандански во пиринскиот дел на Македонија порано го носел името Свети Врачи.Фото: Дамјана

 

More from ВестиMore posts in Вести »