Press "Enter" to skip to content

Во 17 часот поаѓање од Нижеполе за Големо Езеро, а таму вечерен концерт на отворено на “Сити Бенд“

Денес во организација на ПСК Олимпус Монс од Битола ќе се одржи несекојдневен настан на кој љубителите на планината од Битола и околните градови ќе имаат ретка прилика да уживаат во убавините на Пелистер, ноќе, а таму да слушаат концерт и да ја набљубуваат месечината од 2.218 метри, надморска висина.

Настанот е дел од годинешниот “Бит фест“ кој ги поврзува културата, туризмот и спортските активности, а претставува вистинска атракција посебно за љубителите на планината и природата. Во организација на ПСК Олимпус Монс ќе се одржи целовечерен музичко – сценски настан: „Високо под ѕвездите“  кој ќе се одржи на Големо Езеро под отворено небо во Национален парк Пелистер од Битола.

На задоволство на сите посетители, гости на Големо Езеро ќе бидат “Сити Бенд“ кои со својот акустичен перформанс ќе се претстават на една од најубавите природни сцени во Македонија. Сите гости кои ќе бидат дел од несекојдневниот настан, паралелно, ќе имате можност преку телескопот на астрономот Радан Митровиќ да ја набљудуваат Месечината, како и планетите Јупитер и Сатурн.

Магијата продолжува до раните утрински часови кога рутата продолжува кон Врв Ветерница и од таму ќе се набљудува изгрејсонцето над Големо Езеро.

Поаѓањето е  денес на 16 јули во 17 чааот од Нижо Поле, а патека е Дебел Рид – Големо Езеро. Предвидено време за искачување е 3 часа за да се поминат 6 километри, со вкупна денивелација  2.400 метри.

More from СпортMore posts in Спорт »