Press "Enter" to skip to content

Претрес во Битола пронајдена дрога, приведен дилер 

На 16.07.2022 во Битола,по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на  полициски службеници од Полициска станица Битола во координација со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола лишен е од слобода 25 годишник од Битола.

При извршен претрес во изнајмен апартман во Битола, кој пријавениот неколку месеци наназад го користел за обработка, пакување  и продажба на дрога на наркозависници од Битола, пронајдена е марихуана и дигитална вага. 

Лицето е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »