Press "Enter" to skip to content

Вечер на “Бит фест“ концерт на камерниот оркестар “Профундис“

Вечер во рамките на “Бит фест“ во Офицерски дом во Битола ќе се одржи концеет насловен “Табула раса“ на камерниот оркестар “Профундис“.

Солисти на концертот во Битола ќе бидат Владимир Костов на виолина, Ана Контраденко на виолина и Ѓурѓица Дашиќ – диригент.

Камерниот оркестар “Профундис“ е  уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Националната опера и балет и Националната филхармонија.

Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии).

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »