Press "Enter" to skip to content

За три дена во Битола 75 нови позитивни на ковид-19, оздравени 33, активни 207 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 15.07 до 17.07.2022), направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 75.

Регистрирани сe 670 оздравени пациенти од Битола се 33.

До сега во Битола има 16.153 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 207 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (15-17.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице.

Направени се во Битола 102 тестови преку ЦЈЗ Битола 76 и преку “Плодност“ 26.

Досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.719.

More from ВестиMore posts in Вести »