Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, температурата до 37°С, УВ=9

Денес, вторник, 26 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Температурата во Битола до 37 степени. УВ=9.

Утре, среда, 27 јули, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Температурата во Битола до 37 степени. УВ=9