На 24.07.2022, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола, по преземени мерки и активности, на крстосница од ул. „Драгорска“ и ул. „Кирил Пејчиновиќ“ во Битола го пронашле патничкото моторно возило „Цитроен ц3” со ресенски регистарски ознаки, за кое на 24.07.2022 Ј.П. од с.Подмочани, ресенско, пријави му беше одземено. Возилото е вратено на сопственикот.
На 26.07.2022 во СВР Битола, Ј.Б. (28) од Битола пријавил дека во црквата “Св.Богородица“ во село Трновци бил физички нападнат од лице од село Бела Црква, општина Кривогаштани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (27.07.2022) во периодот од 08.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 46 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 14 останати прекршоци.