Press "Enter" to skip to content

Апел на СВР Битола да не пука по свадби со огнено оружје, интензивни мерки контрола и превенирање

По повод кампањата за превенција од пукање на семејни веселби и други прослави СВР Битола  ги информира граѓаните дека се преземаат  интензивни мерки за контрола и превенирање, со цел спречување на пукање од огнено оружје, неовластена употреба на огномети и користење пиротехнички средства на свадби и други веселби.

Исто така упатуваме  апел до граѓаните на подрачјето на СВР Битола да се воздржат од пукање со огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат зачестени при свадбени и други прослави. 

Неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок  и да биде кривично дело.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). 

СВР Битола апелира дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полиција. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Упатуваме апел дека присуството на полициските службеници ќе бидат зачестено на терен и ќе вршат контроли на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

More from ВестиMore posts in Вести »