Press "Enter" to skip to content

Интервју: Сара Ароесте, ладино пејачка и композитор со македонско потекло: секое доаѓање во Битола се чувствувам како да се враќам дома.

Жанета Ристевска

-Доаѓајќи тука, во Битола, од 2017 година на еден начин станав еврејски амбасадор за Македонија, а и низ светот пренесувајќи ја богатата Сефардиска култура на моите семејни Сефардиски корени од Монастир, Битола. Идеја за проектот „Монастир“ добив од една фотографија овековечена  после мој концерт во 2018 година во Битола. Јас на пиано, Вевки Амедов на кларинет. На едно место  Македонци, Израелци, Американци…христијани, евреи, муслимани…жени, мажи од различна возраст. Сите играат и пеат. Музиката беше таа која ги поврзувашпе сите. Веднаш добив инспирација и си помислив “ТОА Е ТОА“.Низ емоции зборуваше Сара Ароесте за својот најнов проект “Монастир“ во нашиот разговор после нејзиниот концерт во рамки на Охридско лето во цркавата “Св. Софија“. Сара Ароесте е една од неколкуте Ладино композитори денес кои  пишуваат своја музика, со оригинална композиција или интерпретирајќи ладино фолк репертоар. Таа има сопствен музички стил комбинирајќи медитерански Сефардиски звуци со примеси на модерно влијание како рок, поп и џез. Албумот “Монастир“  е нејзин шести по ред албум и прогласеn за најдобар еврејски албум за 2021 според  медиумската еврејска компанија “Aiwa“.Родена како  Сара Силверман (Sarah Silverman)  го презема моминското презиме на нејзината мајка Ароесте со потекло од Битола (Монастир). Со предци од Битола, Ароесте посвети долгогодишно истражување на прекрасната Сефардиско еврејска изгубена заедница.  Започна вака За нејзините корени…

-Преку стотици години се пренесуваа приказни во кои се слави богатата еврејска култура што некогаш цветала во Монастир (денешна Битола). Со  декади, стотици години се пренесуваше митот, кој за мене беше како сон. Но никој не го знаеше јазикот Ладино. После напорно долгогодишно истражување за прекрасната Сефардиско еврејска изгубена заедница, дојдов и тука за да научам повеќе. Моите предци живееле во Монастир денес Битола. Рашела Нахмиас роднина на мојот дедо, која  е едниствениот преживеан сведок во втората светска војна од мојата фамилија, ми раскажуваше многу приказни усно и со нејзините прсти.  Таа денес има 104 години и се уште раскажува приаказни и зборува за куќата каде живеела, а се наоѓа на Широк Сокак. Тоа бил домот на еврејското семејство Ароести, од кое потекнува мојата мајка кои во виорот на Втората светска војната побегнале од нацистите и емигрирале во Америка.  Преубава голема жолта куќа, висока, архитектонско ремек дело, со балкони и убава железна ограда со понекоја Давидова звезда, кружни ѕидови и прозори со дрвени кепенци, со душа и мистична убавина во европски неокласичен стил. Растев, замислувајќи си, чувствувајќи ги мирисите наоколу од нејзиното живо раскажување.Кога дојдовте за прв пат во Битола?

Во еден новинарски напис за мене се спомена моето потекло. Кога се рашири приказната за мене, бев изненадена од големиот број луѓе кои се заинтересираа, сакаа да ми станат пријатели на ФБ. При тоа сакаа да научат повеќе за мене и моите предци. Ме прашуваа дали би дошла  да имам настап во Битола Македонија. Јас се воодушевив од ова и потоа  во една прилика кога настапував во Бугарија, тука близу дојдов на идеа да стапам во контакт со пријател од Битола. Напишав на мејл  и прашав како би било да дојдам. На мое изненадување и задоволство, тоа се случи. При што  тука ми организраа се од патувањето, трошоците поврзани со сместување и друго.  Ме дочекаа со голема почит. Морав да признаам дека бев зачудена од толкава љубезност. Сите беа отворени кон мене. На мое прашање зошто е тоа така ми кажаа дека во Битола нема повеќе Евреи, а постарите генерации се сеќаваат дека имале многу убав соживот со Евреите кои порано живееле тука. За нив тие се  дел од историјата и  сакаа да учат и знаат  уште многу повеќе. Од тогаш секоја година доаѓам и  се претставувам пред публиката во Битола и  Македонија. Со тоа стекнав и драгоцени пријатели. Исто така со мене доаѓаа и мои пријатели од Америка. На некој начин станав еден вид еврејски амбасадор преку мојата музика и ширење на култура и пријателство, во текот на моите доаѓања од 2017 година до сега.Искрено ќе кажам, дека кога и да дојдам тука, се чувствувам како  дома.

Албумот „Монастир“ ја слави богатата еврејска култура што некогаш цветала во Монастир (денешна Битола) пред Втората светска војна.

„Монастир“ обединува музичари од Израел, Македонија, Германија, Шпанија, САД.  30 музичари од 5 земји пеат на 3 различни јазици за да изведуваат песни кои некогаш им биле сакани на Евреите од Битола. Некои песни се претставени на ладино,  други се на хебрејски, а трети се на македонски. Песните од албумот „Монастир“, се компонирани  и аранжирани заедно со  музичкиот соработник Шаи Бачар од Израел, ова лето  заедно со  уметниците Хелена Суша, Сефедин Бајрамов, Вевки Амедов, Шаи Бачар, Мајан Доари, Шани Шавит. Песните од Монастир ги изведовме на три различни локации  пред публика во Македонија во рамки на Битолско, Охридско и Скопско лето. Идејата потекна од една пекрасна вечер после мој специјален концерт на терасата на хотел Епинал. Вечер со убаво вино, храна и многу пријатели. Од тогаш се овековечи една фотографија. Јас на пиано, Вевки Амедов со кларинет и во круг наоколу Македонци, Израелци, Американци…различни релизгии, нациналнсоти, пол, возраст. Сите зањедно играат играат. Тоа ми ја даде инспирацијата за проектот „Монастир“ во кој сакав да има се и еден прекрасен спој на различни звуци. Би сакала посебно да ја истакнам соработката со музчарите Вевки Амедов и Сефејдин Бајрамов од Битола кои исто така дадоа свој придонес на албумот Монастир. Со нив ме врзуваат убави спомени на соработка и настапи претходно. Ме врзува пријателство и голема поддршка кога доаѓам во Битола Македонија. Искрена да бидам не знам што би правела без нивна поддршка тука.Жените се посебно глорифукувани и пеете во нивна чест во дел од вашите песни. Со тоа сте позната како „Feminist ladino rock“.

-Низ моите песни ги славам и глорификувам жените кои за мене се вистински херои на своето време низ историјата.  За секоја народ, посебно еврејскиот кој бил во опасност и се борел за свој опстанок  жените се тие кои имале главна улога на заштита на домот, бидејќи останувале дома  со децата.  Тие не чувале децата и  се бореле за нас како деца. Тие им пеела, раскажувале приказни додека им готвеле, хранеле, заспивале.  Мојата баба Рашела Нахмиас и други ми биле  модели на  идентификација. На некој начин херои низ историјата и покажале колку се силни и моќни. За тоа не се зборува многу, затоа преку некои мои песни сакав да им оддадам почит. Дел од нив се “Од Битола појдов“ која ја пеам на македонски јазик. Истата  ги слави жените од Битола, а снимена е минатото лето во дворот на куќата на моето семејство пред Втората Светска војна. Во „Монастир“  песната за Естреја Овадија Мара партизанка со еврејско потекло која загинува во битка  против нацистите во 1944 година.Ве замислувам на голем концерт на Хераклеа со многу музичари. концсрт со силни  и емоции кои ги пренесувате до публиката…

-Многу би сакала. Вашите зборови до божји уши. Помислувам секако, се надевам дека и овој мој сон ќе се реализира следното битолско културно лето. Многу ми е убаво во Битола и секое доаѓање ми е како да се враќам дома.

Глорификувајќи ги храбрите еврејски жени,мајки преку нејзината музика која ја пее и компонира  таа исто така ја продолжува традицијата на нејзините предци баба, мајка. Кратка биографија: Сара Ароесте е родена во Америка. Нејзината фамилија имигрирала во САД за време на Балканските војни во раните 20 години. Родена како  Сара Силверман (Sarah Silverman)  го презема моминското презиме на нејзината мајкиа Аоресте со потекло од Битола Монастир.  Како тинејџер се школувала во класична опера во Westminster Choir College. Потоа продолжува на Универзитетот Јејл (Yale University). Во 1997 година преку летото се обучува  на Israel Vocal Arts Institute во Тел Авив.Таму има среќа да учи со Нико Кастел   (Nico Castel) еден од најголемите светски Ладино изведувачи и ментори на Метрополитен Опера (Metropolitan Opera) кој исто така има Сефардиско потекло.Продолжува да учи со Кастел, се враќа во САД и започнува да ја инкорпотира музиката од класичните Ладино песни во оперскиот репертоар. Сето ова придонесува да изучувањето на Ладино кој ќе стане нејзина музичка пасија. Од тогаш Ароесте преку својот извонреден вокал ја презентира Сефардискта култура насекаде.  Ладино е јудео- шпански дијалект кој го говореле Шпанските евреи после нивното протерување во Шпанија во 1492. Оние кои ја напуштиле Шпанија вклучувајќи ја и Аоресте фамилијата го понеле средновековниот јазик со  нив во различни делови кои ги населиле најповеќе вдолж Медитеранот и Северна Африка. Со време Ладино примил елементи од јазиците на оние делови каде се населиле.  Издава албуми од 2003 и до денес има  издадено вкупно 6 албуми. Денес e препознатлива и по незјзините заложби и придонес за доближување на Ладино кон помладите генерации и пишување на книги за деца со Сефардиски теми.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »