Press "Enter" to skip to content

На Илиндев во Трново ќе се одржи 51. Семакедонска средба

На 2 август, на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија – Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, над Битола, ќе се одржи традиционалната 51-ва Светска Македонска Иселеничка Средба и 42-ра Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како Една и единствена СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА ТРНОВО 2022.

Организатори на 51. Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

Семакедонската средба започнува во 10.30 часот, а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба. Од 7.30 до 10.00 се одржува света богослужба во црквата “Успение на Пресвета Богородица“.

Присутните ќе ги поздрават градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, како покровител на Средбата и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите проф. д-р Љупчо Коцарев.

На Семакедонската средба ќе присуствуваат архимандрит, Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец, Пале Колефски, претседателот на единствената Македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила.

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД “Гоце Делчев“ од Битола, играорни групи од Пиринска и Беломорска Македонија, а со македонски народни песни ќе продолжи општо народната веселба.

На Семакедонската средба се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија и од целиот свет, јавната покана важи за сите добронамерници и патриоти од сите делови на Македонија, од светот и татковината!

Македонија Вечна.

More from ВестиMore posts in Вести »