Press "Enter" to skip to content

Иван Марковски ги тренира ракометарките во Кина со песната “Ако одам во Битола“ (видео)

Ракометниот тренер Иван Марковски од Битола има ангажман во Кина каде е тренер на женскиот ракометен клуб Шандогод градот Веихаи, а клубот е еден од најдобрите клубови. Марковски има тригодишем договор со кинескиот клуб, со дополнение можност да ја преземе и кинеската женска репрезентација.

По вибер комуникација Марковски ни рече дека е задоволен од тоа како од мај работи во Кина, и дека се труди да ја претстави и македонската култура таму, а како доказ ни прати кратко видео ма кое се слуша како додека тренираат ракометарките во позадина се слуша македонска музика, поточно песната “Ако одам во Битола“…

More from ВестиMore posts in Вести »