Синоча на двете сцени на платото во Офицерски дом во Битола, во рамките на вториот ден на годинашното 11. издание на “Битолино“ се одигра две претстави за деца, кои повторно привлекоа голем интерес кај битолчани, а како и во првиот ден се бараше столче повеќе. На сцената 2 на платото на Офицерски дом, се одигра претставата “Сонувачи“ на театарската школа “Бабец“ од Битола, под менторство на Јулијана Мирчевска.
Малите актери одиграат пет светски познати бајки кои ги поврзува и создава „нејзиното величество перницата“. Користејќи многу хумор и покажувајќи десетици начини како еден предмет, перницата, може да има многу форми и значења, со беспрекорната точност и професионализам дефинитивно претставата ќе ги освои срцата на публиката.
Од многу наивни моменти кои ги содржат детските бајки напишани од Х.К.Андерсен, Перо, браќата Грим менторот Јулијана Мирчевска успеа создава една силна драматуршка целина преминувајќи од една во друга бајка без притоа публиката да има чуство дека станува збор за различни приказни, со помош на 20 перници децата ќе создадат еден магичен свет, со 20 перници ќе создадат 5 различни сценографии и безброј различни реквизити.
Со претставата „Сонувачи“ Фестивалот ќе им понуди на публиката да погледнат еден одличен проект за развивање на креативноста кај децата и за важноста на фантазијата при градењето на една комплетна личност.
На сцената 1 на платото на Офицерски дом беше изведена претставата „Робот“ направена по идеа на победникот на третото издание на “Битолино“ чилеанецот Давид Зуазола. Продукциски зад оваа претстава стои „Униа театар“ од Варшава, Полска. Давид Зуазола во последните десетина година е автор кој со своите претстави годишно настапува во просек на повеќе од 60тина фестивали ширум светот и со сигурност е еден од најнаградуваните актери во Европа. За среќа на битолската публика и покрај исполнетиот распоред Зуазола одлучи да дојде во Битола и да ни го презентира неговиот најнов производ претставата „Робот“, да ни ја презентира неговата уметничка визија за светот во кој живееме кој многупати е нетолерантет и е свет кој често не е фер кон поединци. „Робот“ е претстава со длабоко уметничко чувство, приказна која се повторува низ вековите, во претставата е насликана нашата реалност во која живееме каде што луѓето се третираат како потрошен материјал.

Претставите “Сонувачи“ на “Бабец“ од Битола и “Робот“ на “Униа театар“ од Варшава на вториот ден на “Битолино“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Искра и Олег од Горната Гимназија кои беа на Олимпијада по природни науки во Колумбија на прием кај градоначалникот
- Битолчани масовно одговорија на повикот за хуманитарна помош за Турција (фото)
- СВР Битола: расчистени две тешки кражби, 52 годишна жена починала на работно место, физички напад, санкционирани 36 пешаци
- Општина Битола ќе донира 500.000 денари помош за настраданите во Турција и Сирија
- Вонредна седница на Советот на Општина Битола за доделување финансиска помош за настраданите во Турција и Сирија
More from КултураMore posts in Култура »
- Наградата “Ацо Шопов“ за Зоран Пејковски за стихозбирката “Убавите жени“
- Нова книга и награда за поетот и лекар Александар Саша Трајковски
- Објавена книгата “Балкански амбиции и полски аспирации: искуства, проблеми и предизивци”
- Амбасадорката на САД – Анџела Агелер во посета на културни институции во Битола
- Бибиотеката го одбележа Светскиот ден на гласно читање