Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка). Во Битола се наоѓаат три верски објекти посветени на оваа светица, црква изградена во модерен стил, параклис и мала црквичка.
Кај кружниот тек над реката Драгор, кај Црн Мост, повеќе од десетина години фукционира мал парклис посветен на Св. Петка. Параклисот беше на потпорниот ѕид од камен, пред да се изгради големиот кружен тек, каде сега се наоѓа убаво уреден простор.
Вчера вечер и утрово овој мал простор на тротоарот на кружниот тек, го посетија голем број битолчани кои запалија свеќа и се помолија за здравје.
Утрово околу стотина битолчани, пред се од околината на Црн мост, заеднички, организирано со присуство на свештено лице со почеток во 9 часот го започнаа одбележувањето на Св. Петка. А, на голема трпезариска маса, вредните кумови, домаќинки и димаќини се погрижија да има храна во озобилие и да бидат почастени сите гости.
Повеќе од педесетина верници заеднички го направија адетот, “кревање на лепче“ за здравје, “вртејќи“ ја погачата меѓу себе, меѓу комшиите, онака како им рече свештеникот, како чин на поголемо заедништво меѓу нив.
Годинава, како ни рекоа дел од присустните на ова заедничко одбележување на Св. Петка има петнаесетина кумови, кои се погрижија се да биде во најдобар ред, и сите да бидат послужени.
Инаку, просторот го одржуваат жителите од овој дел, а може да ги пофалиме бидејќи секогаш е уреден и чист, а битолчани околу парклисот имаат убави место за одмор и дружење.
Во Битола има три објекти кои се посветени на Св. Петка. Најновата и најмодерната црква “Св. Петка“ која е изградена во нашиот град се наоѓа во населбата, која битолчани сега ја знаат како “кај скопската пивара“. Кај кружниот тек над реката Драгор, кај Црн Мост, можеби десетина години фукционира мал парклис посветен на Св. Петка. На стотина метри од параклисот кај Црн Мост, пред неколку години беше изградена мала црквичка, а денес има новоизградена нова поголема црква, веднаш до малата. Малата црква е направена според каноните на МПЦ, има олтар со ликот на Св. Петка, а има и насликани фрески по ѕидовите.
Инаку, Светата Православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што во народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со Петка Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, (во стариот завет саботата била празник, а не неделата) бил ден за подготовки пред празникот. Во петокот евреите се подготвувале за саботата. Параскева значи подготовка.
Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден е родум од Рим. Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите го раздала целиот свој имот на сиромашните и се замонашила. Со голема ревност целиот живот го посветила на христовото учење. Поради тоа и пострадала, и била отсечена главата. Целиот настан се случил во вториот век.

Утрово, масовно посетен параклисот кај Црн мост во Битола, за денот на Света Петка – Летна на кој ден чуда се случуваат (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Кравари кај Битола отворена фабриката “Стиза“ за македонски чипс по австралиски рецепт (фото)
- По 62. пат по ред коледарски оган во “Ушици“ во Битола традиција ја негуваат пет генерации (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: со Даниел Камјаковски и Наум Петревски битолчани “влегоа“ во 2016 година (фотогалерија)
- Неделен ден исполнет со многу настани и голема посетеност на 9. ден на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
- Димитар, Бојан и Викторија за забава во сабота вечер на 8. вечер на Зимската приказна во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола: јавен повик за линии за општински превоз на патници во Општината и субвенционирање на линии до руралните средини
- Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките, борба за пласман во плеј-офот
- Почина најстарата битолчанка на 108 години, Рејчел Нахмијас еврејка која се спасила од Холокаустот
- Во Битола облачно со сончеви периоди, температурата до 2 степени
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари










