Press "Enter" to skip to content

Руди Сели, новиот лев бек на Еурофарм Пелистер: пасијата по ракометот тука е нешто ново за мене

Еурофарм Пелистер од Битола на позицијата лев бек, како ново име на оваа позиција го претстави Французинот, Руди Сери.  28 годишниот парижанец официјално беше претставен пред медиумите и ги искажа своите импресии од градот и клубот.

-Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола.  За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите, вели Руди Сери, кој за ракометната атмосфера во Битола додаде:-Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил.

Францускиот лев бек веќе гостуваше во Македонија како противник, откако пред три сезони загуби со Бидасоа Ирун во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »