Press "Enter" to skip to content

Ноќеска зајакнати контроли во угостителски објекти, пронајдени дрога и оружје, констатирани низа неправилности во работењето, 24 возачи под алкохол

На 14.08.2022 во периодот од 01.00 до 04.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола заедно со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за специјални полициски операции беше извршена акциска контрола во угостителски објект на ул. “Македонска Фаланга” во Битола. При контролата биле констатирани повеќе прекршоци од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, Законот за лична карта, Законот за оружје и Кривичниот законик, а во врска со неовластено производство и пуштање на дрога и психотропни супстанци. 

Имено, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода 36 лице од САД со привремен престој во Прилеп, 22 годишник од Скопје и 24 годишник од Прилеп, бидејќи кај нив е  пронајдена и одземена прашкаста материја. Тие се приведени во полициска станица Битола и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од слобода се лишени и две лица од Битола на возраст од 38 и 24 години, поради тоа што кај нив биле најдени нож и боксирач, со што постапиле спротивно на Законот за оружје, како и едното лице, кое го наруши јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот против тројцата ќе следува соодветна пријава.

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 24 возачи.

More from ВестиMore posts in Вести »